Во разорниот земјотрес кој го погоди Мексико загинаа 286 луѓе, од кои 148 во главниот град Мексико Сити, велат официјалните податоци на властите за новиот биланс на загинати.Цивилната заштита на Мексико соопшти денеска дека во сојузната држава Морелос загинале 73 луѓе, во Пуебли 45, во сојузната држава Мексико 13, во државата Гереро шест, а во Оахики една личност, пренесуваат западните медиуми.
Централните и јужните делови на Мексико во вторникот беа погодени од силен земјотрес со магнитуда од 7,1 степен според Рихтер во кој се срушија десетици згради, а меѓу настраданите најголемиот број се деца.
Само 11 дена пред тој земјотрес, државата беше погодена од земјотрес со магнитуда од 8,2 степени по Рихтер во кој загинаа повеќе од 90 луѓе.
Земјотресот во вторникот го погоди истото подрачје како и во 1985 година, кога настрадаа повеќе од 10.000 луѓе.Цивилната заштита на Мексико соопшти денеска дека во сојузната држава Морелос загинале 73 луѓе, во Пуебли 45, во сојузната држава Мексико 13, во др