Речиси една милијарда евра вредни инфраструктурни проекти се градат или допрва ќе почнат да се работат во земјава. Ова се добри предуслови за уште една нова, уште поголема експанзија во градежништвото годинава – вели Сеад Кочан, претседателот на Градежната комора при Сојузот на стопански комори.-Скоро една милијарда евра ќе се свртат во инфраструктурни проекти. Тука е и изградбата на железничкиот коридор кон Бугарија во вредност од 500 милиони евра. Сето тоа навестува една активност на домашните компании во наредните неколку години. Во буџетот, во ставката капитални инвестиции се превдидени 365 милиони евра што значи дека голем дел од овие проекти ќе почнат годинава, а тие пари се само за почнување на проектите, а во наредните буџетски години сигурно е дека ќе треба да следуваат пари за да се дозавршат тие инвестици. Се градат технолошки зони, се реконструираат локални, регионални патишта, се градат колекторски системи… сето тоа за нашите компании дава основа за оптимизам дека и во наредните години, градежништвото ќе остане двигател на економијата – коментира Кочан за МТВ.
Според него голем дел од овие зафати ќе ги работат домашните компании, а новиот бран на работи ќе помогнат домашните компании да си ги усовршат технологиите и да имплементираат нови технологи.
-Поголемите наши компании имаат настапувано и на странски пазари така што имаат искуство со нови технологии. Тука се појавува и еден апсурд – при голема невработеност ние немаме работници, така што ќе треба да изградиме програми за преквалификување, голем дел од невработените ќе можат да се пронајдат и на градежниот пазар, веќе имаме и огласи од компаниите кои се ангажирани на автопатиштата – додава тој.-Скоро една милијарда евра ќе се свртат во инфраструктурни проекти. Тука е и изградбата на железничкиот коридор кон Бугарија во вредност од 500 мил