Претседателот на SEAT Јирген Штакман го претстави новиот концепт 20V20 за време на гала настанот„Ноќта на групацијата Volkswagen“, со која се најавува отворањето на автомобилскиот саем во Женева.SEAT 20V20 (име кое асоцира на визијата 2020) обезбедува јасна слика за тоа на кој начин брендот ќе влезе во еден нов сегмент со исклучително моќно спортско корисно возило SUV. Силуетата на овој концепт автомобил систематски го открива развојот на заводничкиот дизајнерски јазик на шпанскиот автомобилски производител SEAT. 20V20 повторно го открива SUV концептот кој естетиката и задоволството при возење автомобил ги носи на највисоко ниво а во исто време го редефинира спортскиот дух.
Говорејќи на гала настанот„Ноќта на групацијата Volkswagen“, Јирген Штакман изјави: концептот 20V20 ја прикажува иднината на брендот SEAT. Преку овој концепт автомобил ние го прикажуваме развојот на новиот дизајнерски јазик на нашиот бренд. Ние во SEAT создаваме автомобили кои се полни со емоција и кои се барани од клиентите, тие имаат цврст карактер, иновативен дизајн, модерна технологија, квалитет, прецизна изработка и пристапна цена. Сите тие вредности, кои го карактеризираат SEAT, целосно го одвојуваат брендот од конкуренцијата. Ние сме но и понатаму ќе останеме првиот избор за клиентите кои имаат млад дух и динамичен карактер”.
SEAT 20V20 комбинира динамичен стил на спортско купе со четири врати и елеганција на едно компактно спортско корисно возило SUV за повеќе намени. Големите 20-инчни тркала и целосните LED светла го збогатуваат неговиот доминантен изглед. Овој SUV со својот надворешен изглед доминира на патот, а во пространата внатрешност, која е изработена од високо квалитетни материјали, удобно можат да се сместат пет патници. Покрај сето тоа напредните системи за помош на возачот дополнително го зголемуваат нивото на удобност и безбедност.
Се истакнува фактот дека возилото е направено на напредна платформа па така во него можат да се вградат голем број на мотори со високи перформанси како бензинските TSI така и дизелските TDI мотори со plug-in хибриден систем. Во исто време, DSG автоматскиот менувач и системот за погон на сите четири тркала ја пренесуваат силата на моторот.SEAT 20V20 (име кое асоцира на визијата 2020) обезбедува јасна слика за тоа на кој начин брендот ќе влезе во еден нов сегмент со исклучително моќно