Станува збор за новиот модел на Seat, тривратната верзија од новиот Seat Leon.
Иако Leon Sport Coupe е пократок, понизок и поширок од петвратната серија од која е основан, сепак не загубил ни малку од своите 380 литра од багажникот.
Меѓуоскиното растојание во споредба со петвратната верзија е намалено за 35 милиметри, додека пак линијата на кровот е спуштена, со цел автомобилот да добие спортски профил.
Што се однесува до моќноста овој модел ќе биде достапен со TSI и TDI агрегати зо зафатнина од 1,2 до 2,0 литри и моќност од 86 КС до 180 КС. Најмоќниот бензинец ќе има зафатнина од 1,8 литри со 180 КС, а најмоќниот дизелаш ќе поседува 2,0 литарски TDI мотор со 184 КС.
На пазарот се очекува да биде достапен од наредното лето.
Станува збор за новиот модел на Seat, тривратната верзија од новиот Seat Leon.