– Автомобилскиот саем во Париз е местото каде што се одбележува 30-годишнината од најпознатиот моделОд производната линија бр. 1 на фабриката на SEAT во Марторел излезе пет милионита Ibiza. Иконата на шпанскиот бренд ја достигна оваа бројка во годината кога се прославува 30-тиот роденден на легендарната Ibiza.
Вработените заедно со претседателот на извршниот одбор на SEAT – Јирген Штакман ја прославија пет милионитата Ibiza.Оваа недела шпанскиот производител на автомобилскиот саем во Париз го претставува LEON Х- PERIENCE, новиот компактен автомобил на брендот, а во исто време заедно со целата автомобилска индустрија ќе ја прослави и 30-годишнината одсвојот најпознат модел. Париз е градот каде што пред 30 години за прв пат беше претставен првиот модел SEAT Ibiza, кој воедно е и првиот 100% SEAT автомобил.
Денес, 30 години подоцна, SEAT Ibiza прерасна во најдобро продаван и најмногу извезуван автомобил на шпанскиот бренд. 70% од оние 5 милиони возила се продадени, надвор од границите на Шпанија, во повеќе од 75 земји каде што компанијата има свои претставници.
Дали сте знаеле дека …?
• Секој ден 700 возила SEAT Ibiza излегуваат од фабриката Марторел.
• Во процесот на производство на моделот работат 1600 луѓе.
• Околу 700 роботи придонесуваат за успехот на SEAT Ibiza.
• SEAT Ibiza поминува 12 километри на производната лента за да на крај излезе како готов производ.
• Доколку се наредат 5.000.000 возила SEAT Ibiza едно зад друго би се покрило растојание од 19.300 километри, што е еднакво на растојанието помеѓу Марторел и Окленд во Нов Зеланд.
• За овие 5.000.000 автомобили потрошени се вкупно 70 милиони килограми боја.
• SEAT Ibiza од женски аспект:
− Вратата на првиот SEAT ја отворија жените од производната линија.
− 21% од работниците на производната лента се жени.
− Двете поп икони, Шакира и Кети Пери, ја правеа музиката за рекламните спотови на најдобро продаваниот автомобил.
• SEAT Ibiza беше официјално возило на Олимписките игри кои 1992 година се одржаа во Барселона.Од производната линија бр. 1 на фабриката на SEAT во Марторел излезе пет милионита Ibiza. Иконата на шпанскиот бренд ја достигна оваа бројка во год