Седењето со прекрстени нозе може да предизвика сериозни проблеми

И покрај тоа што остава впечаток на елеганција, софистицираност и женственост, седењето со прекрстени нозе подолго од половина час може да предизвика сериозни проблеми со грбот.Луѓето не се создадени за седење, па ако веќе тоа мора да го прават подолг период, треба да ја менуваат својата позиција што е можно почесто, тврдат германските лекари.
Предолго седење во таа позиција може да доведе до зголемување на крвниот притисок, дури и кај луѓе кои немаат предиспозиции за хипертензија.
Овој начин на седење може да ја поремети и циркулацијата. Имено, во крвните садови постојат мали „вентили“ кои овозможуваат правилен проток на крвта, а прекрстувањето на нозете го зголемува притисокот врз вените, со што се нарушува нормалниот проток на крв.
Воопшто, седењето повеќе од три часа на ден може да доведе до згрбавеност и неправилно држење на телото, но и до болки во вратот и долниот дел на грбот.
Како последица на тоа, може да се јави и непријатно „трнење“ во нозете што го отежнува нормалното движење.
Затоа е многу важно, доколу не можете да се ослободите од вашите навики за седење, барем да станувате за да се раздвижите на секои 30 минути.Луѓето не се создадени за седење, па ако веќе тоа мора да го прават подолг период, треба да ја менуваат својата позиција што е можно почесто, тврда

Пронајдете не на следниве мрежи: