Европскиот парламент ја усвои со широко мнозинство Резолуцијата за Македонија предложена од европратеникот Иво Вајгл. Во Резолуцијата е дадена уште една, седма по ред препорака до Советот на ЕУ за почеток на преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ, но оваа препорака е условена со одржување на фер и демократски избори, јавува дописникот на МИА од Стразбур.Финалното гласање на резолуцијата се повтори на два пати, откако првиот пат, дел од европратениците кои беа против резолуцијата изразија сомнеж дека нема мнозинство за неа. Во повтореното електронско гласање од 509 европратеници, 404 гласаа за резолуцијата, 76 против и 29 беа воздржани.
При гласањето беа отрфрлени сите девет амандмани предложени од страна на европратениците на Обединетата европска и нордиска левица, во која најбројни се европратениците од Грција. Тие најмногу се однесуваа на добрососедксите односи, проблемот со миграциската и бегалската криза и противење на членството на Македонија во НАТО.
Исто така, беа отфрлени и трите амандмани на Тамаш Мечерикс од групата на зелените, меѓу кои и тој со кој се бараше да се вметне нов парагрфа во Резолуцијата во врска со изградбата на двете хидроцентрали во Луково Поле и Бошков Мост, при што се бара да има ганарнции за заштитата на природата и почитување на конвенцијата од Берн.
Петте амандманите предложени од групата на Народните партии и Социјалистите и демократите беа прифатени. Едниот се однесува на помошта и координацијата на ситуацијата околу миграциската криза, а по барање на социјалситите беше додено во текстот на резолуцијата следново: „констарирано е дека роковите утврдени во политичкиот договор за изработка на извештајот од парламентраните комисии не беа почитувани за настаните од 24 декември 2012“.
Со Резолуцијата се опфатени повеќе сегменти од политичкот, економскиот и општествениот живот во Македонија.
Во документот, како клучни наведени се потребата од спроведување избори според највисоки меѓународни стандарди, целосна поддршка за Специјалното обвинителство и подобрување на медиумската состојба.
Европскиот парламент ирзазува загриженот поради политичкото влијание врз јавната администрација, и ја повикува владата да ја „зголеми професионализацијата, неутралноста и независноста на сите нивоа, стои во документот.
Резолуцијата ги нотира преземените мерки во однос на судските реформи, но во истовреме и ги „осудува случаите на селективна правда особено преку злоупотребата на Членот 353 од Кривичниот закон“, повикува на политичка волја за „деполитизација на именувањето и промоцијата на судиите и обвинителите“, и бара професионализам и независност од Судскиот совет.
Во документот се поздравуваат напорите за подобрување на добрососедските односи со Грција и Бугарија,
Во Резолуцијата на Македонија и се забележува и тоа што таа не успева да ги програмира и апсорбира на задоволувалки начин фондовите од иснтрументите за помош за претчленство во ЕУ.
Европарламентот е загрижен поради „широко распространетата корупција, особено во државната и локалната администрација, јавните набавки и финансирањето на политичките партии“ и ја повикува владата да се бори против корупцијата на неселективен начин.
Во текстот на Резолуцијата европратениците го осудуваат натамошното влошување на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, и се изразува „длабока загриженост поради политичкиот притисок, говорот на омраза, континуираната поларизација, недостатокот на независност и плурализам во медиумите, широко распространетото нелегално прислушување на новинарите, насилството и заканите кон новинари, систематското политичко влијание врз уредувачките политики, слабите професионални и етички стандарди на некои новинари, како и недостатокот на истражувачко и балансирано известување“.
Европскиот парламент е загрижен и поради зголеменото ниво на јавниот долг и бара подобрена фискална дисциплина и балансиран буџет. Се забележува дека невработеноста и натаму е висока, а притоа учеството на пазарот на трудот е многу ниско, особено меѓу младите луѓе и жените. Притоа потсетува дека вработувањето не смее да биде под влијание на политичката припадност или да се користи како средство за заплашување на граѓаните за време на избори. Загриженост се изразува и поради „одливот на мозоци“ од земјата, особено меѓу младите. Во тој дел, Резолуцијата се повикува на податоците на Еуростат и други меѓународни организации во кои се забележуваат „сериозни миграциски трендови, особено меѓу младите луѓе“.
Препораката на Европскиот парламент е испратена до Европскиот совет, но таа не е обврзувачка, за што зборува и фактот дека изминатите шест последователни препораки за почеток на преговорите останаа без одлука за тоа од страна на Советот.Финалното гласање на резолуцијата се повтори на два пати, откако првиот пат, дел од европратениците кои беа против резолуцијата изразија сомнеж дек