Седмо издание на Скопје постер фестивал!

Ни претстои седмото издание на Скопје постер фестивалот, некогашниот студентски конкурс, а денес збиднување кое прерасна во препознатлив, оригинален фестивал.Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија и Младинскиот културен центар, се сигурни дека и овој пат ќе ги задоволат вкусовите на креативната фела.
По тој повод Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ, ве поканува на прес конференција која ќе се оддржи во четврток на 4.12.2014 со почеток од 10:30 во просториите на Младинскиот културен центар на која ќе биде најавено седмото најново издание на Меѓународниот студентски конкурс за плакат – Скопје постер фестивал чие отварање е закажано за 5.12.2014 (петок) со почеток од 20:00 во МКЦ. Оваа година фестивалот се оддржува под мотото “ Дизајн за мир“.
Во рамки на годинашното издание ќе имате можност да погледнете идејни решнија на графички дизајнери кои на исклучителен начин ја искористиле својата креативност,но и да дознаете нешто повеќе за “Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“ во рамки на истоимената прва регионална дизајн конференција одржана во земјава.Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија и Младинскиот културен центар, се сигурни

Пронајдете не на следниве мрежи: