Сакате состанок во кој ќе ужива вашата посилна половина. Направете да ужива во времето поминато со вас исто како што ужива кога е со своите другари. Прочитајте ги нашите предлог идеи.
1 Организирајте заедничка вечер пред телевизор
Има многу нови телевизиски емисии, одберете една која и на двајцата ќе ви се допадне и гледајте ја заедно. Ако на двајцата ви се допадне, ќе имаате нешто заедничко во кое ќе уживате редовно.
2. Натпревар со коктели
Момците сакаат конкуренција, па искоритете го тоа. Најдете интересни рецепти за коктели и обезбедете залихи да ги направите, па повикајте го на натпревар „еден на еден“.
3. Спорт, спорт, спорт…
Ако е љубител на спортот, а најверојатно е, во ладните денови предложете му да играте пинг понг или бадмингтон, односно нешто што и на вас ви се допаѓа. Тоа и на вас ќе ви биде пријатно, а кај него ќе добиете поени плус.
4. Уште спорт…
Може без напор да му угодите, повикајте го да го гледате неговиот омилен натпревар заедно. Направете пуканки, купете пиво и уживајте заедно. Ќе му се допадне тоа што покрај вас може да се опушти исто како и со другарите.
5. Научете нешто заедно
Постојат многу програми на кои може и добро да се забавувате но и да научите нешто ново.
6. Шетајте
Оваа е една ефтина идеа, а сепак многу забавна. Заемете чипс и пиво и уживајте.
7. Хедонизам од машки агол
Ќе му направите огромно задоволство доколку заедно се опуштите, јадете хот-дог или хамбургер, пиете пиво и слушате добра музика. Пуштете го тој да одбере филм, или пак само уживајте во музиката.Сакате состанок во кој ќе ужива вашата посилна половина. Направете да ужива во времето поминато со вас исто како што у