Стивен Хокинг е еден од ретките генијалци кои доаѓаат на овој свет. Тој е креатор на голем број на теории. Поради неговата парализа, неговата енергија целосно ја пренасочил на истражувањето. Историјата дефинитивно ќе го памети Хокинг како научник кој може да го споредиме со Ајнштајн.Тој бил лошо дете
Како поголемиот број од генијалците, Хокинг не бил баш мирен во школо. Уште како мал сакал да открива нови работи.
Мразел биологија
Татко му на Хокинг сакал тој да биде доктор и од мал го учел да сака биологија. Меѓутоа, тоа имало контра ефект кај Стивен, тој почнал да ја мрази биологијата.
Бил член на тимот за веслање
Иако многу мислат дека тој бил бубалица, сепак тој бил член на тимот за веслање од Оксфорд.
Кога дознале дека е болен, докторите му дале 2 години живот
Кога наполнил 21 година, кај Хокинг му ја установиле неговата болест која го носела до парализа. Лекарите на почетокот мислеле дека ќе живее само уште две години.
Изгубил кладба на црните дупки
Во 1997 година, Хокинг изјавил дека се што ќе влезе во црните дупки го снемува и за тоа се обложил со својот пријател. Во 2004 година, признал дека згрешил и сметал дека во црните дупки не се кршат никакви закони на физиката.
Тој е автор на детски книги
Многумина знаат за неговите научни дела, но ретко кој знае дека Хокинг пишувал и детски книги. Неговите книги имаат за цел да ги натераат децата да сакаат наука.
Верувал во вонземјани
Хокинг изјавил дека кога ќе се земе во предвид беконечноста на вселената, смешно е да помислиме дека само ние сме живи организми во овој универзум.Тој бил лошо дете
Како поголемиот број од генијалците, Хокинг не бил баш мирен во школо. Уште како мал сакал да открива нови работи.