Седум начини кои ќе ве натераат да пиете повеќе вода!

Можеби може да опстанеме еден месец без храна, но ако останеме една недела без вода дефинитивно ќе умреме. Ова се 7 начини како да пиете повеќе вода.1. Пијте вода додека возите
Купете шишенце со вода и ставете го во вашиот автомобил. Пијте додека возите. Ако се најдете заглавени во сообраќајот барем ќе останете хидрирани.
2. Пијте вода на работа
Лесно е да заборавите да се напиете вода на работно место, со оглед на тоа дека треба да ја завршите to-do листата. Ставете го шишето на видливо место, така што ќе се сетите дека треба да се напиете вода. Доволно е да пиете по неколку голтки од час на час.
3. Радосна вест за обожавателите на кафе
Добра вест за кафеџиите: кафето може да биде вклучено на вашиот дневен ред, но подобро е да го испиете дома. За наутро се препорачува да ставите во вода стапче цимет , прелив од мед и малку млеко за да го подобрите вкусот.
4. Размислете за сите пари кои можете да ги заштедите
Размислете дека малото шишенце вода ќе ве чини околу дваесетина денари, додека сокот многу повеќе. Исто така кога ќе излезете на ручек или вечера, наместо сок или друг пијалак нарачајте вода. На организмот и онака додека јадете или после тоа му е потребна вода. Нема да погрешите а и плус тоа ќе заштедите.
Пресметајте само доколку јадете 3 пати неделно надвор од дома, колку би заштедиле?!

5. Постои апликација за тоа
Доколку заборавите да останете хидрирани, симнете си ја бесплатната апликација Hydro која  вклучува калкулатор за потрошувачката на вода. Можете да најдете и други фитнес апликации кои можат да ви послужат како потсетник за вашата цел.
6. Што да направите ако мислите дека водата е досадна
Не се исклучува фактот дека водата неможе да го задоволи вашиот вкус како што тоа ќе го направат вештачки засладените пијалаци. Како што би рекол во минатото Mt.Dew, верувајте ми кога велам „Го знам тоа чувство“. Но исто како што вашето утринско кафе може да го замени циметот, медот и млекото (како што веќе споменавме), заменете го и сокот со водата, тоа ќе ви се допадне. Можете да додадете парчиња свежо овошје во вашата вода за да добиете природен вкус. Правете разни комбинации од овошје, се додека не го добиете вашиот омилен вкус и уживајте.
7. Направете да биде едноставно
Веројатно сте го слушнале веќе она дека треба да се пијат осум чаши вода дневно, и можеби тоа ви звучи премногу, но всушност не е.
Веднаш штом ќе се разбудите дехидрацијата може да резултира со чувство на замор.
Затоа се препорачува секој ден пред појадок, ручек или вечера да се напиете вода, тоа може да го спречи и прекумерното јадење.
Некое време пред да си легнете напијте се вода, на пример еден час пред да одите во кревет, за да знаете дека телото ќе ви биде колку толку хидрирано.
Ова се неколку совети кои се надеваме ќе ве натераат да пиете повеќе вода, потребно е верувајте.
Доколку сметате дека не ги споменавме сите начини на кои би можеле да ја зголемите употребата на водата во текот на денот, очекуваме и ваши предлози во делот предвиден за коментари. 1. Пијте вода додека возите
Купете шишенце со вода и ставете го во вашиот автомобил. Пијте додека возите. Ако се најдете з

Пронајдете не на следниве мрежи: