Седум навики кои ја уништуваат кожата

Дали сте знаеле дека гумата за џвакање го уништува тенот? Еве што мора да престанете да правитеЛистата со лоши навики кои ја уништуваат кожата може да биде долга, но ние ги издвоивме само оние највлијателни. Не внесувањето доволно течности, спиењето во неоправилна поза, користењето лош сапун и слично, се само дел од лошите навики кои ја уништуваат нашата кожа.
Спиење со шминка
Не симнувањето на шминката се наоѓа на самиот врв на лоши навики. Пудрага ги затвара порите и доволно е што ја нанесувате преку ден. Преку ноќ, обавезно отстранете го целото количество шминка, се со цел кожата да може слободно да дише. Во спротивно, ризкувате за појава на инфекции и брчки.
Гума за џвакање
Необично зарем не? Сите се потпираме на гумите за џвакање, поради мислењето дека ќе ја подобрат нашата хигиена, но некои од експертите тврдат дека гумата за џвакање сериозно влијае врз оштетувањето на нашата кожа. Всушност, при самото џвакање лицето прави одредени мимики и цело време е во движење, што воопшто не е добро за кожата.
Валкани перници
Кога спиеме, кожата, како и сите органи, се регенерира. Старите клетки паѓаат, а се создаваат нови. Клетките кои се вишок се наоѓаат на вашата перница. Поради тоа често треба да ја одржувате чиста и да ја променувате нејзината навлака.

 
Долго туширање со врела вода
Признаваме, наутро нема ништо поубаво од туширањето со врела вода. Опушта и релаксира, но ова и наштетува на нашата кожа. Врелата вода ги отстранува природните масти со што настанува сушење на самата кожа.
Мобилен телефон
Размислувате за тоа каде се во текот на денот го оставате својот мобилен телефон? Се што сте допреле…потоа сте го земале него во рака. Всушност, најголемиот дел од нечистотиите се наоѓаат на вашиот мобилен телефон кои го допирате на вашето лице кога разговарате преку него.
Прејадување слатки
Доколку јадете многу чоколади и слатки, едноставно ќе го уништите целиот тен. Преголемото количество на шеќер во организмот го уништува протеинот кои допринесува за младиот изглед накожата како и за нејзиниот сјај.
Стрес
Сиот стрес и проблемите кои се собираат во текот на денот, најнапред ќе влијаат на кожата. Поради гримасите кои ги правиме кога сме под стрес, на нашето лице настануваат брчки, а со самото тоа старее и нашата кожа. Обидете се ова да го избегнете, или барем да го намалите.
Извор: Think.mkЛистата со лоши навики кои ја уништуваат кожата може да биде долга, но ние ги издвоивме само оние највлијателни. Не вн

Пронајдете не на следниве мрежи: