сабота, 28 ноември 2026
Најново

Седум општински организации на СДСМ со порака до Заев да се откаже од платформата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Порталот Журнал.нет објави дека до нив пристигнало писмо чија што веродостојност се уште не е поткрепена, но од она што може да се види е дека 7 општински организации на СДСМ од Источна Македонија се креваат на непослушност против раководството на СДСМ и Зоран Заев.-Дека врие во општинските организации на СДСМ, а основата на тоа е Тиранската платформа покажува алармантното писмо во кое се изразува несогласување на повеќе општински организации предводени од основачи и стари членови. Тие ваквото писмо го пишуваат како резултат на растечкото незадоволство на членовите и граѓаните и дека со тквиот чекор се оди против самата СДСМ и се рушат трајно нејзините позиции. И дека тоа е неодбранливо на подолг рок, пишува Журнал.
Тие во писмото се против прифатената декларација за осуда на геноцид, бидејќи со тоа се сее гранката на која стои СДСМ и на која се повикува, а тоа е сојузот на комунисти.
Потоа исто така во писмото се посочува и опасноста од прифаање на двојазичност како проверен рецепт за менување на етничката карта во Иточна Македонија по рецептот на Западна Македонија.
-Да не се заборави дека СДСМ е партија која се повикува на асномското наследство и претставува продолжение на Сојузот на комунисти на Македонија. Прифатената декларација за геноцид преставува сечење на гранката на која СДСМ се основа и потпира. Во писмото стои дека сепак СДСМ треба да е патриотска партија. Оганизациите на СДСМ бараат безулсовно окажување и осуда на сето тоа од Заев, во спротивно “ ќе прогласиме непослушност на одлуките на Претседателот и раководството кое ќе ги поддржи овие барања. Притисокот од членството е голем” стои во писмото на 7 општински организации до Заев.

Сето ова се надополнува со информациите кои претходно беа објавени во медиумите дека има огромно незадоволство и меѓу членовите на СДСМ во огромен број на општински организации и дека на овој начин се врши колективно редефинирање на државата.-Дека врие во општинските организации на СДСМ, а основата на тоа е Тиранската платформа покажува алармантното писмо во кое се изразува несогласувањ

Поврзани вести