Седум особини што жените ги прават ПОСЕБНИ!

Мажите и жените имаат различни карактеристики според кои се разликуваат едни од други, без разлика дали станува збор за физички или генетски преодредени особини.1. Слушаат со двете страни на мозокот
Додека мажите слушаат само со левата страна, која е задолжена за слушање и читање, поголем број жени ја вклучуваат и десната страна, задолжена за креативност и експресија.
2. На фотографиите изгледаат помладо од мажите
Поради хормоналните промени жените губат колаген во кожата побрзо од мажите, но без разлика на тоа, мажите и понатаму изгледаат постари од нас, посебно на фотографиите. Тоа е затоа што мажите имаат дебела кожа на која борите и дамките побрзо се појавуваат, а поради секојдневното бричење силно ја оштетуваат кожата.
3. Менструалниот циклус помага при одењето на заболекар
Ако треба да вадите заб, подготовете го календарот. Овој зафат препорачува да се прави меѓу 23. и 28. ден од циклусот, кога висината на естрогенот е најниска, бидејќи тогаш најмалку боли.

4. Аверзијата кон змиите и пајаците може да биде генетска
Било направено едно истражување зошто жените се плашат од инсекти. На бебиња од 11 месеци им биле покажувани наизменично фотографии од пајаци и од насмеани луѓе. Девојчињата подолго ги гледале луѓето од пајаците, а момчињата исто време ги гледале двете слики.
5. Имаат подолго црево од мажите
Главните органи за варење се исти кај жените и мажите, но кај жените долниот дел од дебелето црево е подолг. Освен тоа, трупот кај жените е практично надуен, поради репродуктивните органи. Како понежен пол имаме повеќе органи стиснати во помал простор.
6. Подобро распознаваат мириси и гледаме поширок спектар бои
Двата пола имаат еднаков силен осет за мирис, но жените се повешти во распознавање на мирисите. Оваа способност е посебно нагласена во репродуктивната фаза.
7. Биолошки се „создадени“ за плачење
Жените плачат петпати почесто од мажите, но тоа не е затоа што општеството прифаќа жена која плаче, туку поради биолошките фактори. Женските солзни жлезди се поинакво градени од машките, а и поголеми се.

Пронајдете не на следниве мрежи: