Седум поучни цитати од најдолговечните луѓе на планетата

Во светот постојат многу луѓе кои успеале да ги сочуваат здравјето, среќата и задоволството од секојдневието дури и на 70, 80, па дури и над 100 годишна возраст.
 Кои се нивните фетиши одговорни за долговечноста откријте од следниве цитати!
– За да се биде во форма потребно е секојдневно да се пешачи или трча околу 15 километри. Тајната е во откажувањето од никотинот, алкохолот, пржената храна и по можност од будалестите луѓе. Исто така насмевката е лек за сите животни болки. – Фауджа Синг, 102 години, најстариот учесник и рекордер на Лондонскиот маратон
 
– Размислувањето околу староста започнете го по неколку обиди да ве испратат во пензија. Останете витални цело време, а кога ќе останете без работа најдете хоби на кое максимално ќе му се посветите. – Жак Фреско, 84 години, биохемичар кој ги открил внатрешните механизми за промена на сопствената ДНК структура против стареењето

 
– Тајната е во вегетаријанскиот начин на исхрана, добриот сон и начинот на сфаќање на тековните настани, односно елиминирање на тешкотиите со нивно игнорирање. – Хеда Болгар, 104 години, живее во Лос Анџелес
 
– Секој ден препуштајте му се на задоволството. Доколку сакате пиво, цигара или скара не скратувајте си ја можноста. – Батсер Мартин, 104 години кој е познат по неверувањето на самиот себе си дека е толку стар
 
-Задолжително консумирајте риба, пилешко месо, топено масло и најважно мед. Навикнете се на 4 – 5 мини оброци. – Бал Бар Лама, 86 години, будистички свештеник.
 
– Не возвишувајте ги материјалните блага. Кога немате пари немате грижи околу нив. Исто така, здравата исхрана е клучот за витален организам.  – Џија Даочжан, 100 години
Х.Н.

Пронајдете не на следниве мрежи: