Седум повредени лица и вкупна материјална штета од 170 илјади денари се последиците од двете сообраќајни несреќи што вчера скоро во исто време околу 13 часот се случиле на две места во Тетовско, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.Во првиот случај на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ во сообраќајната несреќа учествувале три патнички возила со тетовски регистерски таблици, „БМВ“ управувано од А.Ш.(24) од Порој, „Опел астра“ управувано од тетовецот А.Н.(29) и „Поло“ што го управувал В.Ф.(19) од Тетово.
– Во судирот возачот и тројца сопатници од „Астрата“ како и возачот на „Полото“ добиле телесни повреди по што сите биле пренесени во тетовската Клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата. Првично причина за несреќата е неприлагодена брзина. Вкупната материјална штета се проценува на 90 илјади денари, рече Јосифовски.
Речиси во истото време на локалниот пат Тетово-Требош се судриле „Ауди“ со тетовски таблици управувано од В.З.(21) од Челопек и „Поло“ исто така со тетовски таблици што го управувал Р.С.(70) од Вешала. Двајцата возачи со телесни повреди биле пренесени во тетовската болница и по укажаната лекарска помош биле пуштени дома. Според полицискиот увид првично причина за несреќата е недавање првенство на минување, а материјалната штета се проценува на 80 илјади денари.Во првиот случај на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ во сообраќајната несреќа учествувале три патнички возила со тетовски регистерски