Седум позитивни ефекти на лимонот врз вашиот организам

Лимонот е корисен на повеќе начини и има разновидна примена.Овој жолт плод содржи голема количина на витамин Ц, но и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор и магнезиум. Во составот на лимонот влегуваат и протеини и јаглехидрати. 
Во продолжение, погледнете дел од позитивните ефекти кои лимонот ги има врз вашето здравје.
Ја подобрува дигестијата
Доколку наутро испиете една чаша млака вода со сок од лимон, ќе го забрзате метаболизмот и ќе го подобрите варењето, а со тоа ќе го подобрите и вашето расположение.
Го чисти црниот дроб 
Лимонот содржи хемиско соединение наречено нарингенин, кое ефикасно го намалува воспалението на црниот дроб. Исто така содржи и ериоцитрин, кој помага во заштита на црниот дроб од оксидативен стрес.
Извор на витамин Ц
Лимонот е одличен извор на витамин Ц, кој е исклучително делотворен во борбата против настинките.
Ја чисти кожата
Како што претходно напоменавме, лимонот е одличен извор на витамин Ц. Со тоа, тој е ефикасен во третманот со акни, бидејќи делува антибактериски. Лимонската киселина ги отстранува и темните дамки.
Го освежува здивот
Доколку не сакате пеперминт, за освежување на здивот можете да користите лимон. Тој не само што дејствува во прочистување на здивот, туку и ги уништува штетните бактерии. Исто така, ефикасно го неутрализира мирисот на белиот лук.
Ефикасен во борбата против ракот 
Лимонот содржи голема количина на антиоксиданси меѓу кои се витамините А, Ц и Е, односно ефикасно делува во борбата против ракот. Лимоновиот сок може да се користи за салати, пилешко месо или риба.
Ја намалува мачнината
Пиењето на топла вода помешана со лимонов сок помага во регулирање на нередовната столица и го хидрира телото. Исто така, лимонот ги намалува грчевите и мачнините.Овој жолт плод содржи голема количина на витамин Ц, но и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор и магнезиум

Пронајдете не на следниве мрежи: