Седум правила за Св. Валентин

За да имате успешен ден на вљубените потребно е да се задржите до неколку едноставни правила. Овие правила важат за момците кои сакаат да ги изненадат своите девојки.
Правило број 1 :
Никогаш немојте да зборувате за Св. Валентин со вашата партнерка. Ако планирате посебна вечера изненадете ја.
 Правило број 2 :
Ова правило е поврзано со парите. Колку пари ќе потрошите на својата партнерка зависи од тоа колку време се забавувате. Ако се забавуваате кратко време доволно е да ја повикате во својот стан и да и подарите чоколада. Доколку сте подолго време заедно, романтична вечера би изгледала сосема во ред.
Правило број 3 :
Доколку се одлучите својата девојка да ја повикате во својот стан за денот на вљубените, ова правило се однесува на уредноста на вашиот стан. Потребно е се да биде чисто, посебно бањата, така ќе оставите впечаток на сериозно момче.
Правило број 4 :
Ако Св. Валентин одлучите да го поминете сами со својата партнерка на викенд патување, бидете внимателни на вашиот  мобилен телефон во случај вашата поранешна девојка да посака да ве побара.
Правило број 5 :
Доколку се одлучите да и подарите чоколадни бомбони, никогаш немојте да ја прашувате дали ќе ги изеде сите или само дел од нив.
Правило број 6 :
Бидете внимателни околу вашиот парфем. Користете убав и пријатен парфем но во помали количини.
Правило број 7 :
Сега доаѓа големиот момент , вечерата е подготвена, но не го заборавајте цвеќето. Доколу вашата партнерка обожува цвеќиња може да ја изненадите со еден букет .
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.За да имате успешен ден на вљубените потребно е да се задржите до неколку едноставни правила. Овие правила важат за момците кои сакаат да ги изнена

Пронајдете не на следниве мрежи: