Седум причини зошто сексот треба да биде бавен

Постојат многу причини да имате бавен секс, кој може да е толку страстен или дури поинтензивен од брзиот секс. Понекогаш, поставувајќи го сексуалниот живот на прво место може да направи чуда за вашата врска и лична среќа.Д-р Џил МекДјуит кој е сексолог, ги открива седумте причини да не брзате за време на секс:
1. Уживате во моментот
Нема повеќе мисли за работа, избори или утрешниот ручек. Џил препорачува да имате визуелен контакт со вашата партнерка.
„Да сте бавни и да упатувате визуелен контакт може да ви помогне да се внесете во моментот и да ја зголемите чувствителноста“.
2. Имате сила да контролирате колку неверојатен ќе биде сексот
Заборавете ги работите кои сте ги виделе во порно филмовите. Според МекДјуит, не треба да имате очекувања за тоа каков ќе биде сексот или пак што се смета за секси. Единствено што ќе направите е да се разочарате.
3. Оставете малку возбуда и за после
Кога навистина ги сакате партнерот и обратно, малку е тешко да не се препуштите на страста. Следниот пат, сепак, пробајте да го одложите темпото. Наместо да се соблечате за неколку секунди – одвојте си 5 минути за да се соблече еден со друг и едноставно уживајте во другиот. Двајцата ќе сте возбудени и верувајте – вреди.
4. Има време за „учење“
Погодете што? Бавниот секс ви дава време да се позанимавате и да најдете креативни начини да се задоволите. Пробајте нови пози или пак направете си масажи.
„Мислете на топлата кожа на партнерот. Мислете на температурата, текстурата, мирисот и секој звук кој партнерот го испушта“.
5. Сексот трае повеќе време
Причината е прилично очигледна – колку повеќе време одделите за предигра, толку побавен ќе биде сексот.
6. Посилни оргазми
МекДјуит тврди дека паровите чија сексуална игра трае повеќе време, можат да доживеат посилни оргазми.
„Долгата игра, собирање на крв во гениталиите и нивната стимулација може да го направи оргазамот многу посилен“.
7. Ја подобрува комуникацијата во врската
Како што можеби сте претпоставиле, придобивките не се само физички . Бидејќи бара вежбање, бавниот секс ви дава можност да ги споделите вашите желби и може да го подобри односот помеѓу вас и партнерот. Ќе се чувствувате физички и емоционално поблиски.Д-р Џил МекДјуит кој е сексолог, ги открива седумте причини да не брзате за време на секс:
1. Уживате во моментот

Пронајдете не на следниве мрежи: