Добивате впечаток дека мозокот ви станува побавен? Дали ви се чини понекогаш дека не успевате да примате важни информации толку лесно како порано, или дека меморијата не може да задржи некои од работите кои сте ги правеле? Може да се покаже дека причината е во нешта кои се прават секојдневно и дека токму таму се крие причината мозокот да ја губи силата.Ние сме во тешка зависност од нештата кои ни носат информации. Сепак, имаше времиња во кои немавме проблем да го запомниме рејтингот на тимовите во нашиот омилен спорт или дури и да ги знаеме играчите во тимовите.
Токму тука правиме обид да видиме зошто правиме некои работи што ја уништуваат нашата интелигенција, но за кои сите сме виновни самите.
Сепак, може да се најдеме во состојба да го обрнеме процесот и да ја вратиме острината на умот.
1. Прекумерна употреба на уреди
Ако го поминувате времето зјапајќи во телефонот и скролање низ Фејсбук, тоа претставува плаќање на многу тежок данок за интелигенцијата. Статиите објавени на интернет не се точно постмодернистичка литература. Тие не го развиваат мозокот, уште помалку интелектот. Напротив, го одучуваат мозокот да работи побрзо од нормалното, што ја намалува можноста за фокусирање.
2. Мултимедијален мултитаскинг
Слично на употребата на уредите, употребата на многу различни уреди истовремено работи во насока за физичка контракција на мозокот. Според невролозите, активности како гледање телевизија во комбинација со пишување на СМС, ја намалуваат густината во области на мозокот, поврзани со когнитивната функција и емоционалната контрола.
3. Премногу телевизија
Во рок од неколку минути откако ќе ја пуштите омилената телевизиска драма, мозокот се исклучува и престанува да презема информации. Ова дефинитивно влијае на острината на умот и ја намалува способноста да примате важни информации.
4. Нурнати сте во Google
Google може да ви каже сè, буквално сè. Интернетот е онлајн енциклопедија за сè, од сите сфери и можете да ги вадите сите информации лесно и брзо. Но, тоа нѐ тера да се чувствуваме многу повеќе умни отколку што сме во реалноста, а згора на сѐ нема гаранција дека информациите што ги наоѓаме се 100% точни.
5. Недоволно спиење
Сонот е клучен за нашата способност да примаме информации и за процесот на обработка на спомени и емоции. Сонот му помага на мозокот да се фокусираме и да правиме стратегија на однесување, па недостатокот на сон може да е опасен за нашата интелигенција. Препорачаната доза на спиење за возрасен човек е 7-8 часа, но многу луѓе добиваат 5-6, дури помалку од 6 часа.
6. Штетна исхрана
Исхрана со многу масти и многу шеќер може да влијае на когнитивната функција и способноста како да се однесувате и прилагодите на различни ситуации. Нови истражувања докажуваат дека внесувањето на многу шеќер може да влијае сериозно врз можноста за перцепција, што е особено фатално за младите.
7. Претерано вежбање
Прекумерното тренирање истоштува физички, а тоа може да доведе до хронична физичка, но и умствена штета. Честа појава во современото општество е младите да се носат до работ во теретана, само за да изгледаат како симнати од корица на списание. Но, тоа влијае на меморијата, когнитивната функција и како целина врз острината на умот.Ние сме во тешка зависност од нештата кои ни носат информации. Сепак, имаше времиња во кои немавме проблем да го запомниме рејтингот на тимовите во