Седум типови жени за секој маж

Саканата жена на својот маж може да му биде секси, но понекогаш и најдобра пријателка. Понекогаш е  храбра, а понекогаш слатка како мало девојче. Кој тип на жени Вам најмногу Ви се допаѓа?
Слатка госпоѓица
Таа секогаш е позитивна, слатка, задоволна од животот и вистинско уживање е да се биде во нејзино присуство.  Во себе нема ни трошка безобразост и секогаш е на располагање за своето момче. Затоа момчињата ги обожаваат, но ретки се на “пазарот“.
Госпоѓица рамноправна 
Таа е феминистка, но не ги мрази машките. Напротив ги почитува и многу добро се сложува со нив. Паметна е, забавна и отворена за нови искуства, што момчињата посебно ги радува. Таа верува во партнерска рамноправност и не се однесува како слаба и незаштитена девојка, па момчињата знаат дека со неа можат да сметаат на убав и складен живот.
Госпоѓица секси 
Таа ги сака мажите, сака секс и не се плаши тоа да го признае. Не е промискуитетна и не го користи сексот како манипулација, туку едноставно ужива во кревет и тоа се гледа на неа, бидејќи зрачи со сексапил. Другите жени не ги сакаат баш многу, но затоа сите мажи губат глава по нив. Врската со ваква девојка е вистинско уживање.
Госпоѓица најдобра пријателка 
Таа е многу слична на слатката госпоѓица. Грижлива е и секогаш е тука за својот партнер. Со неа може да се разговара апсолутно за се. Таа со момчињата дели заеднички интереси и сака се да прават заедно со партнерот. Таа е вистинско богатство и затоа мажите ги чуваат ваквите девојки како вистинско богатство.
Госпоѓица директна
Тоа е жена што знае што сака и не се плаши тоа јасно и да го покаже. Јака е и нема проблеми со преземање иницијатива, па затоа овој тип жени најчесто ја преземаат иницијативата да поканат некое момче на состанок. Нејзе и е рамен исклучиво силен маж кој знае како да се носи со силна жена. 
Госпоѓица независна
Таа е силна, храбра, паметна и способна. Има организиран живот и не и треба маж за да ја направи среќна или пак за да и го исполни животот. Таа е слободна во вистинската смисла на зборот, а во животот може да биде извонредна партнерка. Некои мажи се плашат од овј тип жени, но премногу грешат, бидејќи според некои параметри, тие се идеални сопруги.
Госпоѓица харизма
Таа можеби не е најубава жена која ја познавате, но со сигурност ќе биде една од најпривлечните. Таа е посебна, заиграна, поинаква и поради тоа ги привлекува мажите. Не може да остане незабележана каде и да се појави. Шармот е нејзиното главно оружје и поради тоа може да биде забавна и прекрасна партнерка.
Извор/Фото: Telegraf.rsСаканата жена на својот маж може да му биде секси, но понекогаш и најдобра пријателка

Пронајдете не на следниве мрежи: