Седум видови на спонзоруши

Loading...

Од некоја чудна и неразбирлива причина, спонзорушите претставуваат непресушен извор на интерес кај нас и на Балканот. Во Србија неодамна излезе и книга во која се опишуваат спонозрушите. Меѓу другото, тие се поделени во 7 категории. Прочитајте кои се тие и како да ги лоцирате.
Клише спонзорушаНавистина е русокоса, носи многу шминка и слуша турбо-фолк. Таа навистина е тинејџерка или само што излегла од тие години и има добро тело. Но таа навистина не е спонзоруша во срцето. Максимум што ќе извлече од „спонорот“ е пијачка или две и црта кокаин. Можеби ќе има орален секс во ВЦ со некој млад политичар и тоа е тоа. На крај ќе заврши со некој клинец без пари бидејќи не можеш да го сакаш она што го немаш. Таа никогаш не ни видела пари, па така ќе се воодушеви и на фустан од 3.000 денари, но и тој нема да го добие.
Татина мазаТатко и цел живот и купувал се што ќе посака, па сега истото го прави и нејзиното момче. Но не е таа виновна, едноставно така е навикната да го живее животот. На народот, токму овој тип на девојка изгледа ко најлоѓа спонзоруша од сите, но всушност таа е само татина ќерка, односно татина маза.
ПровинцијалкаСиромашно девојче кое дошло од внатрешноста во големиот главен град по потрага за сигурен живот е најчестиот тип на спонзоруша во Скопје (не станува збор за СИТЕ девојки од провинцијата!). Таа нема доволно знаење и вештини за да улови некој со доволно пари за да ја носи на скијање на Аспен, но за среќа, не ни знае што е Аспен, па се задоволува со двособно станче некаде во Скопје и кола купена на лизинг. Ќе биде совршена сопруга, само свекрвата да не биде вештерка!
Сериозна спонзорушаСериозната спонзуруша никогаш не е целосно сиромашна. Таа доаѓа барем од средните слоеви на скопските семејства и има завршено високо образование. Не е глупава, убава е и најчесто завршува во најдобар брак, за разлика од другите 6 типа. Не бара премногу пари, бидејќи нешто може и сама да си дозволи благодарение на парите наследени од дедо и тато. Најефтина и најлесна спонзоруша, не треба да ја криеш по хотели бидејќи можеш слободно да ја ожениш. Добра е за покажување во друштво – знае што да каже и изгледа убаво. И секако, таа за тебе секогаш ќе мисли дека си досаден, глупав и лош во кревет.
ПејачкаВо некој момент ќе заработи доволно пари за да сфати дека не и треба нејзиниот сељак – нарко дилер, но ќе ти се заблагодари што си и помогнал во лансирањето на кариерата. Ќе продолжи понатаму изгубена во животот, а наредните тажни генерации ќе израснат со нејзините песни. 
Жена на спортистСе смувала со некој фудбалер, кошаркар или ракометар, сфатила дека ќе биде нешто во животот, и по советот на мајка и не ги извадила канџите од него. 
Машка спонзорушаМускулест манекен кој ги теши жените на спортистите откако тие ќе ги изневерат или пејачките откако нивниот дечко ќе го застрелаат или уапсат.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Од некоја чудна и неразбирлива причина, спонзорушите претставуваат непресушен извор на интерес кај нас и на Балканот.

loading...