Седумката на лото отиде кај еден среќен битолчанец

Битолчанец беше најсреќниот од исходот на извлекувањето во 95-тото коло на Новолото.Тој е среќниот играч кој ја освои третата премија 7-ка годинава во НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија.  Среќното ливче го уплатил во уплатното место ДОЕЛ 15 во Битола.
Интересно за него е тоа што секогаш уплаќа по три ливчиња.  Самото извлекувањето кое му ја донесе оваа убава добивка, нашиот среќен добитник не го следел.
За својата добивка дознал дури по две кола, кога направил проверка дали има некаква добивка на уплатните комбинации.
Со задоволство им се радува на празниците, замислувајќи желби, кои благодарение на оваа убава добивка, ќе може да си ги реализира во текот на следната 2015.
Само за потсетување, ова е трета премија 7-ка во текот на 2014. Претходно 47-то коло на Новолото емитувано на 11.06.14 му донесе среќа на добитник со уплата во Скопски Хиподром, а 18-тото коло емитувано на 01.03.14 од 20ч. на Сител телевизија ја донесе првата премија 7-ка годинава на играч од скопската населба Чаир.
Вечерва во 20 часот на телевизија Сител заедно со прекрасната Марјана, го имате извлекувањето на најновото 99-то коло во кое повторно некој од вас ќе ѝ се радува на својата среќа.Тој е среќниот играч кој ја освои третата премија 7-ка годинава во НОВОЛОТО на Државна лотарија на Македонија.  Среќното ливче го уплатил во у

Пронајдете не на следниве мрежи: