Седумте комити

(Во видеото можете да видите битолски, прилепски и крушевски чети и војводи)Седумте комити – во исполнение на Панде Коминовски, Битола
 

 
Ај, што ми е чудо, чудо ми станало
в Битолски вилает, мајко, Прилепска наија,
в Битолски вилает, мајко, Прилепска наија.
 
Прилепска наија, Крушевскана страна,
Крушевскана страна, мајко, в село Ракитница,
Крушевскана страна, мајко, в село Ракитница.
 
Ајде, седум души, сè млади комити,
по селата одат, мајко, пушки да разделат,
пушки да разделат, мајко, раја да покренат.
 
Ајде, ферман дојде, ферман од Султанот:
– Живи да се предадеме, в Битола да одеме,
живи да се предадеме, в Битола да одеме.
 
Ајде, одговараат седумте комити:
– Ние не сме жени, џанам, да се предадеме,
туку сме си млади момци, сè одбор јунаци!Седумте комити – во исполнение на Панде Коминовски, Битола
 

Пронајдете не на следниве мрежи: