Седумте типични фази на тагување

Loading...

 
Откако луѓето ќе си признаат дека нешто им се случува, им следува бран од емоции. После периодот на депресија и тага, најверојатно ќе влезете во “што ако” период на жалење…
  
Тагата е универзално чувство кое сме го искусиле сите. Таа не биле со еднаков интензитет, ниту пак еднакво долго траела, но сите сме поминале низ неа. Токму затоа одлучивме да ви откриеме нешто повеќе за фазите на тагување.
1.Негирање
Многу често лошите работи доаѓаат од нигде никаде, па тешко ни е да разбереме што ни се случило. Во таква ситуација, првата фаза е негирање на настаните. Експертите тврдат дека ова е најдолга фаза, за разлика од останатите.
2.Емоции
Откако конечно ќе сфатиме што ни се случило, нам нe преплавува бран од емоции. Бидејќи е тешко да го контролирате тоа што го чувствувате, овој период е најисполнет со плачење.
3.Депресија
Откако чувствата ќе ги пуштиме на слобода, многу често се случува да ни се појави желба за изолација од другите и губење на секаков интерес за нештата кои порано ни значеле. Во ваква ситуација, се променуваме побрзо од кога и да било, ние се менуваме до толку многу, што тоа може да доведе до целосна промена на личноста.

4.Жалење
После периодот на депресија и тага, најчесто се влегува во “што ако” фазата, или фала на жалење. Во овој период почнувате да размислувате што сте можеле да промените за да не дојде до несаканиот настан.
5.Прифаќање
Откако ќе ги поминеме сите претходни фази, тогаш работите како да тргнуваат на подобро, ние ја прифаќаме ситуацијата таква каква што е и почнуваме да ја преземаме контролата врз емоциите.
6.Надеж
Во оваа фаза, причината за тагата станува помалку болна и почнуваме да гледаме напред. Од време, на време се случуваат моменти на тага, но сепак ние сме спремни да функционираме како порано.
7.Соочување
Ова е последната фаза од тагувањето, која кај некои доаѓа после неколку недели, а кај некои после неколку месеци. Во оваа фаза, конечно сме се справиле со промените во животот.  
  
Тагата е универзално чувство кое сме го искусиле сите. Таа не биле со еднаков интензитет, ниту пак еднакво долго траела, но сите сме

loading...
Loading...