Претседателот на Бугарската академија на науки (БАН), Стефан Воденичаров им порачува на бугарските политичари да имаат поблиски односи со Република Македонија и она што го чувствуваат меѓу себе граѓаните на двете земји, да се спроведе на политичко ниво.Откако директорот на Државниот Архив на Р. Македонија, Филип Петровски упати апел за дијалог и пријателство меѓу Бугарија и Македонија, истото го стори и претседателот на Бугарската академија на науки (БАН), Стефан Воденичаров.
„Меѓу граѓаните на Бугарија и на Република Македонија нема никакви проблеми, тие се на друго ниво. Политичарите нека седнат и нека го зборуваат истото што го зборуваат интелектуалците на двете земји. Разговорите меѓу нас течат мирно, пријателски и колегијално. Ние си поставуваме цели, коишто се корисни за двете држави. И државните институции треба да ја потпомогнат нашата соработка“, изјави Воденичаров во интервју за БГНЕС.
БАН и МАНУ одамна работат на пријателството меѓу двете земји, а дијалогот, според бугарскиот академик почнаа пред 3-4 години.
„Интелектуалците од двете земји се согласија дека треба да седнеме на иста маса и да ги видиме работите кои не зближуваат, како и да видиме како да се решат работите кои не разделуваат. Сакам да подвлечам дека што се однесува до различностите кои се наталожени во последните 100 години, тие не потекнуваат од нас, туку однадвор. Сето тоа што е направено однадвор им пречи на односите меѓу народите и меѓу двете држави“, вели Воденичаров.Откако директорот на Државниот Архив на Р. Македонија,