Шефот сексуално ме вознемируваше три години!

Кејти Гард е успешна жена која  ја работи работата која ја сака на место кое го сака. Сепак, во текот на првите три години на тоа работно место нејзиниот шеф сексуално ја вознемирувал, а таа тоа не го сфаќала. Во текстот објаснува како е тоа можно.

Шефот сексуално ме вознемируваше три години!

Од најмлади години се однесував во склад со барањата на социјалниот свет. Имав добри оценки на училиште, бев ментално и физички здрава, имав активен социјален живот. Се омажив за најдобриот маж кој го познавам, завршив училиште и се вработив во успешна компанија, а потоа ја сменив работата и почнав да работам како преприемач за војска.

Тоа беше работа од моите сништа.

Можев да ја применам својата диплома од екологија, да правам мапи, да работам со мотивирани луѓе, главно со жени. Тоа е супер! Така и мислев. Бидејќи доаѓам од опкружување во кое доминираат мажи, уживав опкружена со жени – поготово затоа што се паметни и забавни.
Брзо се вклопив и престанав да обрнувам внимание на некои работи – на работи за кои сега кога размислувам ми делуваат иритантно.

Проблем беше мојот шеф. Во текстот ќе го наречам Крег. По првата недела Крег ми рече дека сега имам добра плата и дека не можам да си одам од работа во 16:30.
Ми се смееше кога го доведов својот сопруг на приредбата која се одржуваше после работа. Се чувствував глупаво. Тој работеше на крајот на истата улица во која беше и фирмата во која јас работев. Тој секогаш беше добредојден на собирањата кај мене на рабаота.

Потоа Крег приговараше зошто сум побарала од Сем покачување. Ми рече да го прашам него доколку ми треба нешто, бидејќи „тој одлучува за своите вработени“. Се почувствував минијатурно.
Крег сакаше лојалност која не се доведува во прашање и натпреварување помеѓу жените кои работат за него. 

Тој беше инспиративен и харизматичен, симпатичен и полн со разбирање, но тој беше главен – Крег води, останатите следат. Добив унапредување и му станав десна рака на Крег.
Крег не сакаше да ги викаме членовите на своите семејства на забавите кои ги организираше компанијата. За него беше нечуено да се меша работата со приватниот живот, но додека бев на одмор неколку пати ми испрати порака дека му недостигам. Не му беше проблем да ме задржи подолго од сите и да ме покани на работен состанок во кафуле кога сите останати си одат дома.
Ме задржуваше со часови во канцеларија и се шалеше дека моите колеги веројатно мислат дека работиме нешто друго.

Не знам што мислат другите, но мислам дека не сум единствената жена која поминала вака со него. Тој околу себе имаше харем од паметни, образовани и привлечни дами и секој од нас беше свесна дека неговиот однос кон нас е чуден, но ниту една ништо не направи да по тоа прашање. Можеби затоа што беше пренападен, можеби затоа што работата беше толку добра за да може да се замени.

Често покрај Крег ми беше непријатно, иако не изговараше работи кои би можеле да се сметаат за сексуално вознемирување. Но така се однесуваше.

Крег сакаше да допира. Прегратките со жените кои работат за него за него беа сосема природна работа. Се обидов еднаш да се ракувам од далечина, но тој ми рече дека пријателите се прегрнуваат, гради на гради. Потоа секогаш попуштав.

Понекогаш ми шепотеше шали на уво држејќи ме за коса и допирајќи ми го увото со усните.
Се чувствував револтирано.
Но не го отурнував. Не му реков да престане. Тој беше мој шеф и ние бевме „колеги“. Јас бев неговата десна рака, а тој беше само тој.

Потоа дознавме дека тој бил обвинет за сексуално вознемирување. Неофицијално.
Сите одглумивме изненадување. Една поранешна работничка го пријавила за злоупотреба. Требаше да се испита ситуацијата. Шефот на Крег не испитуваше.

Но јас ништо не им реков, го бранев Крег. Бев негова десна рака и му го должев своето напредување. Но таа девојка се издвоила. Таа беше храбра. И не смее да биде игнорирана. Сега се срамам што не и помогнав. На Крег му понудија унапредување на друго работно место. Само да не биде овде.

Проблемот е решен
Пред да си оди, отворено зборуваше со мене. Не можеше да верува што му се случува. Работеше вредно за да го изгради сето тоа, а сега мора да не напушти. Ме фалеше и ме издигаше, ми велеше дека сигурно ќе напредувам и дека ќе го направам многу горд.
Тогаш сфатив дека не ме сфатил сериозно и дека не ме гледаше како деловна жена – дека бев слуга – тоа конечно ме разбуди од тригодишната магла. Кога сега размислувам можеби тоа не е злоупотреба од сексуален вид.

Сепак, беше понижувачки и среќна сум што е готово. Од најмлади години се однесував во склад со барањата на социјалниот свет. Имав добри оценки на училиште, бев ментално и физички здрава, имав активе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.