Кристина Чабук – водителката која се самоуби во програма во живо во 1974 година, доби филм за нејзиниот живот.Во филмот „Кристина“, улогата на водителката ја толкува Ребека Хил, а филмот ги опфаќа случувањата во нејзиниот живот до денот кога си пукала во главата додека читала вести на локална ТВ-станица во Флорида.
Филмот го режира Антонио Кампос, кој ќе се обиде да ја приближи целата ситуација и да открие дали Кристина имала психолошки проблеми поради кои извршила самоубиство.
„И покрај тоа што помина многу време, околу целиот случај има енигма и не може со сигурност да се каже поради штос е самоубила, Целта е да се подигне свеста за луѓето кои се на работ на самоубиство и навреме да им се укаже помош“ – објаснува Ребека Хол.
Пред да си пука во главата, Кристина во преносот рекла:
„Во согласност со политиката на Канал 40, да ви донесуваме најнови вести за убиства во нивниот сјај, сега ќе го видите првиот обид за самоубиство во живо“, по што извадила пиштол и си пукала во главата.
Нејзината мајка тогаш изјавила дека ќерка ѝ често била депресивна поради фактот дека никогаш немала сериозна врска и што наполнила 30 години, а сѐ уште била невина.