Сега ни „А“ од албанскиот јазик откако платформата се издигна на ниво на опстанок на Македонија

Во ДУИ изгледа станало јасно дека оставките на министрите до Владата на Емил Димитриев, кои веќе се во оставка, нема да имаат каков било ефект, ниту ќе смени нешто и во однос на изборот на нов претседател на Собранието ниту ќе го забрза изборот на нова влада. ДУИ со напуштањето на Владата само пред јавноста може да аргументира дека конечно ги раскинала сите врски со ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе, пишува Дневник.– Проблемот е министрите и да дадат оставка, тие мора да останат на функцијата до именувањето на новите министри. Поради тоа, во петокот не донесовме таква одлука. И да останат и да не останат министрите во Владата, ќе нема никаков правен ефект, освен што ќе пратиме политичка порака. Треба да процениме дали политичката порака ќе помогне во ситуацијата – вели висок функционер на ДУИ.
Впрочем, и одговорот на Ахмети по состанокот на Централното претседателство е во насока ни риба ни девојка. Тој не одговори на клучното прашање како со ваквиот потег би профункционирале институциите бидејќи и да се повлечат министрите, нема претседател на Собранието за да ги констатира оставките, но и функционален парламент за да избере нова влада.
– Расправаме за деблокирање на оваа состојба со давање оставки од министрите на ДУИ. Но, за ова постојат две толкувања. Министрите може да дадат оставки, но немаат каде да ги поднесат. И да дадат оставки, ќе мора да ги извршуваат функциите до избор на нова влада – изјави Ахмети.
Неофицијално, извори од партијата брифираат дека потегот на Ахмети министрите да излезат од Владата имал друга заднина. Наводно лидерот немал контрола врз некои од министрите, кои функцијата се повеќе ја практикувале за личен отколку општествен бенефит, додава Дневник.
Извори од Претседателството истакнуваат дека пратениците од ДУИ, кои беа наклонети кон коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, односно кои преговараа со партијата на Груевски, сега го возвратиле ударот на потпретседателската и градоначалничката тројка која преговараше со СДСМ – Теута Арифи, Изет Меџити и Невзат Бејта, со фактот дека тие и министрите останале во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ иако партиската одлука е за коалиција со социјалдемократите. Арифи, Меџити и Бејта немале коментар за тоа, ниту како да се надмине блокадата во Собранието и да се избере нова влада.
Ахмети, пак, коментирал дека со издигнувањето на албанската платформа како прашање за опстанок на државата се минимизираат шансите за нов закон за јазикот, односно дека сега нема да се реализира ни „а“ од албанскиот јазик, а не, пак, негово унапредување.
На Претседателството било отворено прашањето и за локалните избори. Ахмети вели дека огромен проблем е и истекувањето на мандатот на градоначалниците. Според него, кризата се продлабочува со пролонгирање на роковите за одржување на локалните избори бидејќи мандатот на локалната самоуправа истекува на средината на мај, но и за тоа да се реши, мора да има Собрание.– Проблемот е министрите и да дадат оставка, тие мора да останат на функцијата до именувањето на новите министри. Поради тоа, во петокот не д

Пронајдете не на следниве мрежи: