„Сега се каам“…Приказни од женски затвор: Баба Стана 45 години го трпела насилниот маж, а потоа зела секира и…

Три жени кои поради долгогодишно насилство во семејството ги убиле своите сопрузи, моментално се на издржување казна во женски затвор во Пожеравец. 
Најстарата од нив е Стана Доведан (79) која во 2010, сопругот кој ја злоставувал секој ден во 45 години брак, го убила со секира на спиење.
Сопругот со години ја тепал Стана, ја понижувал, ја терал да работи за дневница и ги земал парите за себе. Еднаш толку многу ја истепал со пченка по главата што морале да и ја шијат устата. Не можела да оди на лекар бидејќи немала пари ни за храна а камоли за на лекар.
– Еднаш ме натера да одам да берам пченка, но се вратив без пари бидејќи не можев да пронајдам нива. Тогаш почна да ме тепа. Ме удираше додека не паднав на подот. Можеби и ќе ме убиеше да не станеше нашиот 3 годишен син кој почна него да го клоца – раскажува Стана за Ало.рс.
Кобниот ден, нејзиниот сопруг излегол од дома да ја земе пензијата. Се вратил со парите во џеб. Стана го прашала што да готви тој ден, а тој и рекол да си оди од куќата, бидејќи не го интересира ништо. Тогаш заспал. Стана ја земала секирата и го удрила по глава. И се судела за убиство и осудена е на 15 години затвор.
Сепак после 6 години поминати во затвор, Стана вели дека и е жал и дека се кае. Свесна е дека направил злодело. И останале уште 9 години, но ако ја дочека таа 2025 нема да има каде да оди.
Постариот син кој со неа продолжил да комуницира после злоделото, починал пред 2 години. Помалиот не сака да ја види, а не ја ни известил дека брат му  починал.
„Убиството бил единствен начин да преживеат“
Весна Станојевиќ, координаторка на „Сигурна куќа“ за време на својата кариера се сретнала со десетина жени кои после долгогодишно насилство ги убиле своите мажи. Како што таа вели сите тие се каат, свесни се што направиле, но по излегувањето од затвор немаат кај да одат…

 

– Поголемиот дел од тие жени со години трпеле насилство. Ние во затворот разговараме со нив. Жал им е што убиле жив човек, но ниту една од нив просто немала друг избор. Тие немале излез. Постојано трпеле физичко и психичко насилство. Немањето надеж ги довело до тоа да станат убијци. Тоа било единствениот начин да преживеат. Еден од највпечатливите случаи е кога жена постара од 50 години од Панчево, го убила својот сопруг со нож со кој тргнала да исече лубеница. Цело време во бракот трпела насилство. Кобниот ден зела лубеница Го држела ножот во рака. Мажот одел по неа и и се заканувал. Таа се свртела и го забодела ножот во него – вели Станојевиќ.
Адвокатот Миро Бојиќ бранел неколку жени кои ги убиле своите мажи.
– Кога жената ќе изврши убиство во моментот го напаѓа мажот, значи во нужна одбрана бидејќи нејзиниот живот е загрозен, судска пракса е таквата жена да биде ослободена. Доколку се утврди дека ја надминала нужната одбрана, судовите обично изрекуваат казна од 6 месеци до 5 години затвор.
По излегувањето од затвор немаат никакви права
Весна Станојевиќ вели дека повеќето жени кои служат затворска казна поради убиство на сопругот, немаат каде да одат по излегувањето на слобода, ниту можност да ги остваруваат законските права кои ги имаат останатите граѓани.
Сабина Мариќ во Белград 2014 година го убила својот сопруг
– Жената во затвор помина 12 години бидејќи го убила својот сопруг откако изгубила контрола, поради постојано малтретирање од негова страна. По зилегувањето од затвор, жената немала право да си ги види децата, кои по заминувањето во затвор ги земал нејзиниот девер во Црна Гора. Тоа е она кое жените што завршуваат во затвор најмногу ги боли. Во затворот доаѓаат организации за правата на затворениците кои ветуваат многу, но на крајот ништо од тоа не се остварува. Тие се препуштени сами на себе – раскажува Станојевиќ
Многумина од овие жени по убиството на мажот се обидуваат да се самоубијат.
 
  
Најстарата од нив е Стана Доведан (79) која во 2010, сопругот кој ја злоставувал секој ден во 45 години брак, го убила со секира на

Пронајдете не на следниве мрежи: