Поранешниот директор на Драмскиот театар во Скопје Роберт Велјановски на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека кога една структура која што дошла на власт тврдејќи дека во една држава има режим и во две недели ги менува сите директори во културните институции во државата, за него е тоа нелогично и неморално.Ако се борите за една идеја, ако велите дека нешто било погрешно, не можете да се спротивставите на таа идеја правејќи нешто што е не идентично, туку десет пати погрубо, истакна Велјановски.
Вели дека оние кои сега се поставени како директори на културните институции се млади луѓе кои биле вработени во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ без притоа да им се побара партиска книшка.
Потенцира дека додека тој бил директор на Драмскиот театар биле објавувани јавни огласи на кои што можел се пријави секој со предлог проект за работа во ЈУ Драмски Театар Скопје.
-Потоа преку одобрение на Управниот одбор беше проследувана до погорните инстанци, односно до Министерството за култура и органите кои што ја одобруваа годишната програма за националните установи, појаснува Велјановски.
Тој до новата влада и ресорното Министерство апелираше да не се откажат од изградбата на новиот објект на Драмскиот театар.Ако се борите за една идеја, ако велите дека нешто било погрешно, не можете да се спротивставите на таа идеја правејќи нешто што е не идентично, ту