недела, 29 ноември 2026
Најново

Шекеринска го изјави она што ВМРО-ДПМНЕ со месеци наназад го зборува

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска по примерот на партискиот лидер Зоран Заев го негираше сето она што таа и партијата го изнесуваа како став досега. Во врска со победа на Доналд Трамп на претседателските избори таа утрово истакна дека поддршката од медиумите не е доволна кога народот ја изразува волјата.-Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија. Резултатите покажаа дека и покрај големата медиумска поддршка и покрај сите предвидувања, волјата на граѓаните не може да се заобиколи, истакна утрово Шекеринска.
Ставот дека волјата на граѓаните е клучна во изборите години наназад постојано го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на партијата и високите партиски функционери во своите настапи постојано говорат дека само народот е тој што одлучува и што ја дава поддршката на оние кои сметаат дека треба да ја добијат нивната доверба за натамошно управување со државата и реализација на проектите.-Не можам да кажам дека како жена не сум разочарана што во Белата куќа не влезе жена-претседател, но тоа е одраз на демократската волја на граѓанит

Поврзани вести