Шекеринска ладнокрвно излажа за џипот

Заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во изјава за медиумите на почетокот на годинава потенцираше дека не само што не поседува џип, туку и не се вози во џип.„Не се возам, еве може да дојдете заедно и да да видите во кој автомобил се возам, можам да ве однесам на пример до партиското седиште, па да видите“.
Ова е одговорот на Радмила Шекеринска даден на прашање на новинар во чија сопственост е возилото џип во кое се вози Шекеринска, а го нема никаде во нејзиниот анкетен лист.
Истото возило за кое Шекеринска ја лажеше јавноста дека не се вози во него, учествуваше вчера во сообраќајката во близина на Гевгелија. На ничие изненадување, во џипот во кој „не се вози“ Шекеринска беше токму Шекеринска со нејзините родители.
Ова не е прв пат Шекеринска да е фатена во лага околу нејзиниот имот. Недолго откако излажа дека не се вози во џипот марка Мицубиши, во јавноста се појавија фотографии од заменик-претседателката на СДСМ кои го докажуваат спротивното.

Самата Шекеринска на својот Твитер профил на 31 декември 2014 година, неколку месеци после прес-конференцијата на која во очи ја лажеше јавноста, веројатно се подзаборави во желба да ја критикува Владата за паднатиот снег, па објави фотографија од снежните наноси сликана токму од џип марка Мицубиши. Веројатно со џипот во кој „не се вози“, патувала кон викендичката во Маврово која „не ја поседува“.

После несреќата во која учествуваше токму овој џип и во кој беше Шекеринска, заменичката на Заев ги прашала повредените дали се добри и за половина час заминала кон Грција. Не се јавила во болница да праша како се, ниту подоцна се заинтересирала.

Прашање е дали вчера со истиот џип во кој „не се вози“, а кој неодамна е префрлен од име на Дајнерс на име на Божидар Јанковски, патувала кон грчките плажи за да крстосува со јахтата која „не ја поседува“ и која е крстена по нејзината ќерка – сосема случајно.

Патолошкото лажење на Шекеринска кое се обидува да го покрие со ароганција и дрскост стана нејзино одбележје. Освен што за џипот ја излажа јавноста преку медиумите, таа лаже и пред законските обврски. Во својот анкетен лист го немаше пријавено џипот ниту на нејзино име, ниту на име на сопругот.

„Не се возам, еве може да дојдете заедно и да да видите во кој автомобил се возам, можам да ве однесам на пример до партиското седиште, па да

Пронајдете не на следниве мрежи: