„Не е точно дека повеќе ме интересира море од поплавените подрачја и директното помагање на граѓаните на терен. Ова е уште една ноторна лага на режимските курири. Само, на оваа Планета има и други подрачја кои се поплавени, и таму треба човек да помине и да види во каква состојба се.“Ова го изјави заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска после обвинувањата во јавноста дека во моментите кога се случила сообраќајната несреќа во која учествувала и таа, патувала на море, наместо да биде со својот народ од полавените подрачја кој има голем проблем во моментов.
„Не знам колку сте информирани, но и во регионот на Халкидики имаше голема, страшна поплава од невидени величини. Точно е дека се случила пред 5,3 милиони години кога водата од Атлантскиот океан го пробила Гибралтар и го наполнила средоземјето, меѓутоа неодговорно е за било кој човек да не посети регион во кој имало поплава, дури и ако доцни 5,3 милиони години за тоа“, додаде Шекеринска објаснувајќи дека таа не е ескиватор кој патува на море додека Стајковци, Арачиново, Сингелиќ, Ченто и другите поплавени региони се соземаат од невремето кое ги зафати.
„Јас не бегам од Стајковци, но мојата помош им е потребна и на поплавените во Халкидики. Јас сум одговорен политичар и во духот на добрососедството решив да одам на хуманитарна мисија на краците под Солун или како што сакам да го викам Тесалоники“, вели заменик-претседателката на СДСМ.
„Сите кои ме критикуваат дека наместо да помагам во Ченто одам на Халкидики треба да се засрамат затоа што се нелуѓе, се грижат само за себе, а не и за нашите први комшии“, луто заклучува Радмила од СДСМ.
Шекеринска е чест посетител на поплавените реони на Халкидики. Јавноста знае дека таа сака темелно да ги истражи подрачјата кои настрадале пред 5,3 милиони години па за таа научна хуманитарна цел често користи и сопствена јахта која е паркирана во поплавенотоо Халкидики.
Шекеринска не е единствениот функционер на СДСМ кој е загрижен за овој поплавен регион во соседна Грција – лидерот на опозицијата Зоран Заев е потресен од големата поплава на Халкидики барем еднакво како и Шекеринска. Својот стрес од грозните сцени на поплавено Халкидики го лекува со тоа што купи хациенда на море од која може да седи и да сочуствува со жртвите на големата поплава пред 5,3 милиони години.
Извор: Кромиди ЗападОва го изјави заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска после обвинувањата во јавноста дека во моментите кога се случила сообраќајната нес