Изборите завршија, а со тоа и изборните ветувања за подобар живот за граѓаните. Носителот во изборна единица 5 на СДСМ, Радмила Шекеринска ги заборави стружани и жителите од околните села кои се гушат од чадот и реата која доаѓа од опожарената депонија. И додека граѓаните на Струга веќе 8 дена се гушат поради неспособноста на новата власт, новата министерка за одбрана се чини заборави на дадените ветувањата.Во рамки на изборната кампања таа меѓудругото ветуваше двојно поголеми платите за докторите, промени и план за подобар живот во Македонија. Ветувањата, очигледно празни, ги добија и стружани од Шекеринска, но наместо подобар живот, тие со денови се гушат, стравуваат за своето здравје, но и за тоа дека оваа ситуација негативно ќе се одрази и на туристичка сезона која е на прагот и ќе претставува удар врз нивниот џеб.
За потсетување на својот официјален Фејсбук профил, Шекеринска за време на изборната кампања има објавено албуми со повеќе фотографии од посетите на Струга и струшко насловени како „Меѓу граѓаните на општина Струга“ и „Средби со граѓаните на селата: Боровец, Подгорци, Октиси“ со коментар „Струшко веќе добро беа запознаени со #ПланЗаЖивот. Сите заедно за промени на 11-ти декември“.
Стружани навистина ги почувствуваа промените, но за жал на негативни и опасни по нивното здравје.
Во рамки на изборната кампања таа меѓудругото ветуваше двојно поголеми платите за докторите, промени и план за подобар живот во Македонија. Ветувањ