Шеќерот е БОМБА за организмот. Еве 11 докази за тоа

Најновите истражувања говорат дека шеќерот му  прави многу чудни работи на организмот.1.Маснотии ги обвиваат органите
Фруктоза, состојка во шеќерот  го тера црниот дроб  поефикасно да ги складира мастите и тоа на чудни места. Со време доаѓа до  создавање масни наслаги околу црниот дроб, што било ретка појава пред осумдесетите години од минатиот век.
2.Подготовка за настанување на дијабетес
Секои дополнителни 150 калории добиени со внесување на шеќер дневно ја зголемува  шансата за дијабетес за 1,1 %.
3. Хаос од холестерол
Кога ќе се одземат лицата со високо ниво на холестерол или дијабетес, кај лицата кои внеуваат многу шеќер се бележи најголем пораст на лош холестерол и опасни триглицериди и воедно смалување на добриот холестерол. Прекумерната конзумација на шеќер доведува до тоа црниот дроб да произведува повеќе лош холесетрол  додека во исто време го спречува организмот да го исфрли.
4. Влиае лошо на срцето
Срцевите заболувања и дијабетесот се тесно поврзани. Срцевиот и мозочниот удар се најголемите причинители на смрт кај личностите со дијабетес тип 2.
5. Крвен притисок
Доага до прекумерно лачење на инсулин, кој влиае лошо врз  системот за циркулација и на артериите. Хронично високото ниво на инсулин предизвикува брз раст на мускулните клетки околу крвните садови,а тоа прдизвикува стврднување на  ѕидовите на артериите, што е чекор до висок крвен притисок.

 
6. Предизвикува дијабетес тип 3.
Невропатолог од  Универзитетот Браун, Сузан де ла Монте, смислила термин „дијабетес тип 3“ по што нејзиниот тим  на соработници прв ја открил врската помеѓу резистентноста на инсулин, исхраната богата со масти и Алцхајмеровата болест. По мислењето на овие научници, Алцхајмерот е болест на метаболизмот, во кој е оштетена способноста на мозокот  да користи глукоза и да произведува енергија.
7. Станувате лакоми
Редовното  внесување на шеќер во големи количини го спречува организмот да му прати порака на мозокот дека сме сити. Лептинот, хормон кој праќа сигнали дека сме сити, не ја извршува својата функција, додека фруктозата која сме ја внеле преку шеќерот постојано предизвикува глад.
8. Станувате зависник од шеќерот
Шеќерот предизвикува лачење на хемикалии кои  влијаат на центарот за задоволство во мозокот или на лачење на опиод и допамин. Како и кај лица со кои земаат  дрога, во овој случај се развива  толеранција на шеќер, што значи дека е потребно поголемо количество на шеќер за да се задоволи потребата.
9. Замор
Премногу шеќер во организмот  доведува до постојано чувство на замор. Доаѓа до постојани промени на нивото на шеќер во крвта, поради што организмот  бара да јадете нешто слатко, и така се вртите во круг.
10. Депресија
Постпои врска помеѓу депресијата и конзумирањето благо. Лицата кои јадат могу благо со време стануваат склони на депресија.
11. Лицето остарува
Шеќерта во крвта се врзува со протеините и така се форираат штетни молекули наречени AGE, кои ги напаѓаат околните протеини, вклучувајќи ги и протеинските влакна во колагенот и еластинот, состојки кои прават кожата да изгледа цврста и еластична. Како резултат, доаѓа до создавање брчки и опуштање на кожата.1.Маснотии ги обвиваат органите
Фруктоза, состојка во шеќерот  го тера црниот дроб  поефикасно да ги складира ма

Пронајдете не на следниве мрежи: