Научниците откриле дека шеќерот ги „буди“ ќелиите на ракот и ги прави туморите поагресивни.Резултатите од деветгодишниот истражувачки проект во Белгија кој е објавен во списанието “Nature Communications” се сметаат за клучни во истражувањата за рак, бидејќи научниците конечно го разјаснуваат Варбурговиот ефект – феномен во кој ќелиите на ракот бргу разградуваат шеќери и на тој начин го стимулираат растот на туморот.
Проектот започнал во 2008 година, со нагласок на тоа како туморите ја претвораат количината на шеќер во лактат во однос на здраво ткиво. Досега не било познато дали е тоа симптом или причина за карцином.
Ова истражување дава докази за позитивните корелации помеѓу шеќерот и онкогениот потенцијал во канцерогените ќелии.
“Нашето истражување открива како хиперактивното консумирање на шеќер во канцерогените ќелии доведува до еден маѓепсан круг на континуирана стимулација на развој и раст на ракот. Според тоа, ја објаснува поврзаноста меѓу јачината на Варбурговиот ефект и агресивноста на туморот“, вели професорот Јохан Тевелајн.
Истражувачите сметаат дека овие резултати имаат сеопфатни последици и можат да бидат темел за идни истражувања во оваа област, но и да влијаат на прилагодувањата на диетата за пациентите со рак.
Резултатите од деветгодишниот истражувачки проект во Белгија кој е објавен во списанието “Nature Communications” се сметаат за кл