Иако дамите за време на шминкањето му посветуваат многу внимание, овој дел од лицето редовно го забораваат кога е во прашање негата и хигиената.Дебелите веѓи веќе долго време се во мода , и судејќи по се ситуацијата уште долго ќе биде таква. Според тоа, дамите кои природата не ги дарила со полни, густи веѓи, принудени се да се снаоѓаат со помош на сенки, моливчиња и гелови за веѓи, освен ако не се одлучат да им се препуштат на козметичарите.
Меѓутоа, многу дами при вечерната рутина на отстранување на шминката забораваат да посветат внимание на веѓите кои тоа утро внимателно ги исцртале.
Како што пишува магазинот Marie Claire, жените често забораваат дека и на веѓите треба да им овозможат нега која им одговара. Како и косата на главата, и веѓите треба редовно да се мијат за да се избегне наталожување на козметички производи на нив. Со тоа ќе го избегнете и нивното опаѓање и тенчење на влакното.
НАЈВАЛКАНИОТ ДЕЛ ОД ТЕЛОТО: Никогаш нема да го исчистите дури и ако се туширате 2 пати на ден?
– Влакната на веѓите се многу помеки и понежни од оние на косата – тврди Сања В. мејкап уметничка, додавајќи дека за тоа се подложни на насобирање на прашина и масти, а доколку не ги негувате, на нив може да се појави и првут.
Поради тоа, редовно треба да се мијат веѓите – не морате да купувате специјални производи, доволно е само да се поблаги, послаби, бидејќи оние агресивните можат да ги тргнат сите природни масла од веѓите.
Дебелите веѓи веќе долго време се во мода , и судејќи по се ситуацијата уште долго ќе биде таква. Според тоа, дамите кои природата не ги дарила со



