Секогаш слушајте ја ИНТУИЦИЈАТА!

Често се случува нашата интуиција да ни вели нешто во моментите кога треба да донесеме одлука. Сите ние ја имаме оваа вродена особина која ни помага да се снајдеме во животот.Ова чувство обично го препознаваме кога ќе почувствуваме чудно чувство во стомакот, и одеднаш во доаѓа вртоглавица или пак силна желба да и се помогне на личноста до вас. 
Во овие 5 случаи апсолутно скогаш морате да ја слушате интуиција: 
1. „Не се чувствувам добро“ 
Доколку вашето тело ви кажува дека тоа не се чувствува добро, треба да го послушате пред да се влоши ситуацијата. Многу луѓе ги игнорираат овие суптилни знаци кои ги испраќа телото и на крај завршуваат со многу поголеми проблеми. Вашето тело инстинктивно знае кога нешто е надвор од рамнотежа и баш овие рани знаци треба да ве насочат да реагирате. Не двоумете се да одите на лекар во тие моменти. Неверојатно е колку телото и интуиција се поврзани.
Исто така, имајте во предвид како се чувствувате кога разговарате со некого. Дали се чувствувате исцрпени, вознемирени или депресивни? Овие чувства доаѓаат на површина со причина, бидејќи вашата интуиција ви кажува дека тоа се луѓе кои ви ја влечат енергијата, а која вас ве одржува во живот.
Вашата интуиција вам ви зборува на различни начини и не треба да ги игнорирате суптилните знаци кои ви ги испраќа.
2. „Оваа ситуација делува опасно“
На пример, сте отишле во продавница и сте забележале дека некој зјапа во вас, што предизвика непријатност. Да речеме дека тоа лице почнува да ве следите низ продавницата, а потоа и надвор, а не купува ништо. Имате чувство дека ова лице ве следи и дека вие ќе бидете изложени на потенцијално опасна ситуација. Во секој случај, треба да ги известите работниците во продавница или пак полицијата веднаш доколку забележите некаков вид на недолично и невообичаено однесување. 
Нашата интуиција е дизајнирана за да нè предупреди на опасност и да не принуди да дејствуваме во врска со тоа.

 

3. „Треба да му помогнам на тоа лице“
Интуицијата не мора секогаш да укажува на нешто негативно. По сите доаѓаме од истиот извор, ние сме поврзани едни со други и можеме да чувствуваме кога на некој во наша близина му е потребна помош. Имаме силна способност за читање на енергија на другите луѓе и способност за оценување на нивните изрази на лицето, говорот на телото или едноставно чувство додека сме блиску до тоа лице. Дали сте забележале како сите сакаат да си помагаат едни на други во случај на катастрофа? Оваа силна желба да му се помогне некому е врежана во еволуцијата на нашиот вид.
Понудете ја вашата помош дури и ако тоа лице не ја бара.
4. „Ова ми е природно“
Прекумерно размислување за нешто може да предизвика проблеми кои на почетокот воопшто и не постоеле, особено кога станува збор за вашиот природен талент. Можеби со недели сте го вежбале текстот за некоја претстава, а потоа кога ќе искочите на сцена, едноставно само го заборавате.
Луѓето со исклучителни таленти често се бунат кога тие треба да ги покажат истите,а за се е виновен нивниот ум, кој талка на сите страни. Тие премногу внимание посветуваат на мислите, наместо да препуштат на интуицијата, да ги преземе работите во свои раце. Ако мислите дека нешто ви се случува природно, пејте си песна во вашата глава што ве прави среќни и нека вашата интуиција преземе.
5. „Ова делува баш како што треба“
Дали ова се однесува на промена во кариерата, или пак изборот на дечко или девојка, или пак одлуката за тоа каде ќе живеете, вашиот интуиција игра многу поголема улога во одлуката отколку вашето рационално размислување. Кога ќе направите голема одлука, важно е како ќе се чувствувате за тоа.
Слушајте ја интуицијата, следниот пат кога ќе донесувате важни одлуки. Тоа ќе ви помогне да го најдете вистинскиот пат.Ова чувство обично го препознаваме кога ќе почувствуваме чудно чувство во стомакот, и одеднаш во доаѓа вртоглавица или пак силна желба да и се помо

Пронајдете не на следниве мрежи: