Љубоморните жени сега имаат причина плус за грижи. Новото британско истражување на „Premier Inn“, во кое биле испитани 2.000 Британци, открило дека секој четврти маж редовно ги сонува неговите поранешни девојки. Резултатите исто така покажале дека тоа што мажите ги сонуваат бившите, не мора да значи дека тие мечтаат за нив во будниот живот. Напротив, поголемиот дел од испитаниците биле целосно задоволни од нивната моментална љубовна врска.
Можеби романтичните девојки си мислат дека главна улога во сонот на нивните мажи ја играат тие, но вистината е дека нивниот лик во текот на доцните часови во ноќта, можеби е узурпиран од колешката или шефицата на нивното момче, бидејќи 26% од испитаниците изјавиле дека ги сонуваат нивните колешки, а некои дури и мајката на нивната жена.
Спротивно на тоа, повеќе од третина од Британките кажале дека тие ги поминуваат ноќите сонувајќи го нивниот моментален партнер, како и нивните родители или децата. Воедно, било откриено дека блиските пријателки на жените, имаат силно влијание врз нивните соништа, бидејќи една третина од нив тврделе дека честопати им се појавуваат другарките на сон. Како и да е, очигледно и жените се способни за фантазирање во сон, бидејќи 20% од испитаните кажале дека често сонуваат луѓе кои никогаш не ги сретнале во нивниот живот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Љубоморните жени сега имаат причина плус за грижи. Новото британско истражување на „Premier Inn“, во кое б