Секој ден сѐ помалку гледа: Како изгледа додека чекаш да ослепиш?

Марк Музински кога бил дете, добил навистина морничава вест – боледуваш од макуларна дегенерација и ќе ослепиш! Оттогаш неговиот живот повеќе не бил ист.Имено, Марк уште како мал забележал дека не гледа баш најдобро. Кога го одвеле на систематски преглед, лекарите му го тестирале видот.
Тие го замолиле да им каже каде са наоѓа црвената точка во однос на квадратот. Тој воопшто не го видел квадратот.
Од тој момент, сѐ тргнало наопаку. Марк денес има 29 години и свесен е дека тој сѐ повеќе го губи видот.
„Роден сум со генетска мутација. Имам пореметување поради кое ми е уништен центарот на видното поле. Гледам само замаглена сенка од бои, од кои не можам да ги препознаам облиците“, открива овој дечко.

Со едното око гледа со јасност од 20/400, а со другото 20/800.
„Имам чувство дека имам лупа на едното око, а на другото не. Двете очи постојано се борат да фокусираат нешто“, рече Марк и додаде дека очите му се чувствителни на светлина.
„Мои природни непријатели се хидрантите. Посебно ако се жолти како во Лос Анџелес. Не можам да разликувам што е шампон, а што балзам“, вели Музински и додава дека научил да гледа во луѓето додека разговара со нив, но дека не може секогаш да протолкува дали се среќни или тажни.
Погледнете го видеото:
Имено, Марк уште како мал забележал дека не гледа баш најдобро. Кога го одвеле на систематски преглед, лекарите му го тестирале видот.
Тие

Пронајдете не на следниве мрежи: