Секој лицемер различно ќе ти го измери лицето кое си се трудел да го оставиш

Лицемерие – она кога ти го мерат лицето!Не се става под  знак прашалник кој е, а кој не е лицемер, туку важен е степенот на лицемерие кои една особа и го интерпретира на околината. Сите сме лицемери, бидејќи нашиот секојдневен, „стрит“ муабет се базира на лицемерни фрази кои ние несвесно ги користиме. Нервозно и напето е кога некој нема да ве „милува“ со вакво секојдневно лицемерие, туку ќе опфати лицемерие кое не го можат сите, лицемерие кои на прв поглед не е лицемерие, а на втор или трет поглед е лицемерие доволно за да ве „извади од шасија“.
Еве 5-6 пасуси за ова секојдневно, „стрит“лицемери, изразено преку секојдневни фрази кои ги кажуваме, а не сме свесни дека се лицемерие… понекогаш и сме.
Пример, со некој или некоја се начекуваш од време на време, низ град онака, а  порано си се дружел поактивно и секогаш кога ќе се видите едниот ќе му рече на другиот „Еј ајде да се слушнеме и да пиеме едно кафенце, сакам да те видам“. Ти нормално со иста мера му возвраќаш „Обавезно, или ќе ти се јавам, или ќе ти пишам, ајде за викендов слободен сум, обавезно да се видиме!„а и двајцата знаете дека ни ќе се чуете, ни ќе се видите. Во овој случај нема „лутиш“ двајцата сте си излицемериле, онака секојдневно, неосетно.
Ова беше обострано лицемерие, а има уште еден ваков случај на обострано лицемери. Тоа ти е случај кога имаш дваесет и некоја година и скоро си дипломирал, арно ама нема работа, не ти се земаат парите од дома, оти свесен си како мајка ти и татко ти ги печалат.  Ете, сте се погодиле неколку души со иста судбина и си споделувате патетики и депресии на темата „се нема работа“. И така само што кулминирал муабетот, на маса доаѓа некое ваше другарче, кое едвај завршило приватен факултет, а не ни морал да заврши, оти секако татко му е „хоштаплер“ и има накалапено пари за три генерации, а плус и си има легален приватен бизнис што секако ќе го наследни син му. Другарчево, го слуша муабетот 5-10 минути, вие така задлабочени ги доловувате вашите проблеми и другарчево се издишува и вика „Ајде бе ќе биди. Се нема стварно, ама и нас ќе ни дојде редот, ее млади сме“. Ете тој ви излицемерил, онака бледо, иако вашиот проблем, него ни го засегал, ниту пак ќе го засега, ама човекот се нашол во муабет. Вие останатите си се погледнувате еден со друг и ништо не му велите, туку се замислувате за тоа што го рекол и продолжувате да разговарате на темата, само со послаб интензитет. Тој ви излицемерил, оти се загрижил за проблемот, иако „к*ур го боли“, а вие му лицемерите, бидејќи не сте му рекла „Брат, ај уживај, оди вози си се со Аудито и не глуми наивен!“, што значи дека станува збор за типот на обострано секојдневно, малку нервозно лицемерие.
Начините на еднострано секојдневно лицемерие се доста интересни.

 
Си фатил пресно женска и мерак ти е да шеташ со неа у пи*ку матер. Арно ама вечерта пред излегување ти вика „Срце, абе другарка ми е сама ќе ти смета да ја подружиме?“ и ти како прав џентлмен „Ех срце, зошто да ми смета, не зезај“. И таа чавката што не може да си фати дечко, се тупнува со вас и цела вечер ти мора неа да ја муабетиш, а тебе „ти се ебе ти се плаче“. Ти не покажуваш ни на момент дека таа ти смета, лицемерие на ниво.
Друг пример за еднострано лицемерие кое во друштвото имате некои другарче, ама некако не се вклопува со вас, не го бива едноставно. Тој кажува некоја шала, вие со сила, од немајкаде ќе се насмеете. Како стигнал да биде со вас и самите не знаете. Е тоа другарче ви носи и некој негов братучед… да си се дружите бе. Братучед му бетер од него, ама и него го трпите и се смеете на неговите шеги, иако кога ќе ги видите двајцата пред очи ви доаѓа црна хроника. Ова е еднострано „дабл“ лицемерие, бидејќи и на другарчето, а сега и на братучед му треба да му лицемерите дека се кул дечки. Зошто, и вие не сте свесни.
Многу интересна ситуација е кога дома ќе ти дојдат роднини кои те немаат одамна видено и нормално, почнуваат „Леле колкав пораснал, леле какво мажиште… пу пу пу да не те урочам, лепотан, значи како растат децава“. Ти бидејќи си културен мораш да седиш со роднините, оти многу си ги сакаш и да слушаш совети за успех во живото. Тебе ти се оди во твојата соба да за да си седнеш на компјутер и да се зборуваш на телефон, ама неизбежно е да лицемериш и да бидеш фино момче.
Исто така, многу јак, ако не и најјак момент е кога имаш гости и кога се заседнати, а ти зеваш за спиење како некој лав, оти си станат рано, а утре пак си на работа. На крај, тие конечно решаваат да си одат, а ти му велиш „Абе поседете уште малце, ќе си одите, има време“.
Уствари, лицемерието и не е толку лоша особина од гледна страна на лицемерачот, бидејќи лицемерачот го прави тоа за да си остави лице пред лицемерениот, а да сакаш да оставиш лице пред некој не е лоша особина. Ако размислиш подлабоко, секогаш кога сакаш пред некој да си оставиш лице, ти уствари лицемериш. И на крај, ако размислиш најдалбоко, нашите меѓусебни односи се базираат врз лицемерие, мислам на ова ситно, секојдневно лицемерие.
Г. АнгелескиНе се става под  знак прашалник кој е, а кој не е лицемер, туку важен е степенот на лицемерие кои една особа и го интерпретира на околината. С

Пронајдете не на следниве мрежи: