Секој пат кога ќе останела бремена, имала абортус бидејќи насилникот ја изгладнувал за да го предизвика

Во подрумот на домот на Ариел Кастро во Кливленд  во 2013 година пронајдени се три жени кои биле заробени повеќе од десет години. Жените исчезнале во период од 2002 и 2004  година кога биле стари 14, 16 и 20 години. Сите ги киднапирал откако ја прифатиле понудата за превоз на Кастро. По години тортура успеале да побегнат. Се работи за Аманда Бери, Џина Дејесус и Мишел Најт.Мишел денес има 34 години и на интересен начин одлучила да се носи со минатото, но и да го прифати како дел од себе. Таа со тетоважи одбележала клучни работи кои се однесуваат на судбината која ја затекнала заедно со уште две девојки.
Така на левата рака има пет ружи, а секоја од нив е за по едно дете кое го изгубила додека била затворена. Секој пат кога по малтретирањето на киднаперот ќе останела бремена, имала спонтан абортус бидејќи злоставувачот  ја тепал и изгладнувал за да го предизвика истиот.
Но, и другите тетоважи носат приказна за застрашувачките детали од нејзиното киднапирање. На градите има цртеж од бебе со зборовите „преубаво за Земјата“, а на десната рака има меченце  украсено со срциња, кое всушност го нацртла сама додека била затворена. На зглобот од десната рака има зелен змеј „да ја штити“, а главата на нејзиниот лист, која е делумно костур, а делумно „жива“, го претставува нејзиното минато и нејзината иднина.
Инаку, киднапирана е вечерта кога се обидела да ја пронајде локацијата каде што требало да се сретне со социјалните работници за да се обиде да разговара   за евентуално  идно старателство над двегодишниот син, а кого го однеле  откако момчето на нејзината мајка му ја сркшл раката.
Се обидела да договори повторно да добие старателство над него, но тој бил вдомен и посвоен, денес би требало да има 14 годни и можеби никогаш нема да дознае која му е вистинската мајка. Откако била ослободена рекла дека нема да се обиде да контактира со синот и да го посвои бидејќи се плаши дека тој би живеел под притисок од нејзиното минато, бидејќи за трите жени се пишувало во сите светски медиуми откако излегле од заробеништво.
Инаку, Ариел Кастро подоцна е осуден на доживотен затвор и дополнителни 10 години затвор, а иако ја негирал  вината, подоцна се договорил и признал за да ја избегне смртната казна. Морал да потпише и дозвола за рушење на куќата во која ги држел жртвите. Недолго потоа Кастро бил пронајден обесен во својата затворска ќелија.Мишел денес има 34 години и на интересен начин одлучила да се носи со минатото, но и да го прифати како дел од себе. Таа со тетоважи одбележала клу

Пронајдете не на следниве мрежи: