ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа, се додава, ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука.
-Впрочем, медиумите неодамна објавија дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев.-ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец З