Големиот скандал со криминалот со превозот во општина Струмица, од каде спротивно на законот Заев доделувал тендери на понуди кои биле неколкукратно поголеми од понудите на останатите комапнии, ги предизвика и правосудните органи да го земат случајот во свои раце.Финансиската полиција минатата недела влезе во општина Струмица но и во компанијата „Тритерол“ која го спроведувала криминалниот превоз на ученици, од каде беше одземена обемна документација, со која ќе се докажува криминалот на Заев и сопственикот на „Тритерол“ инаку функциоер на СДСМ и блзиок пријател на Заев.
Фирмата на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов е фаворит за голем број на тендери кои произлегуваат од општина Струмица.
Па така мрежата на кланот Заеви се надополнува со уште една фирма на близок човек на Заеви. На 16.09.2014-та година фирмата на функционерот на СДСМ добива 8 тендери во ист ден во вкупна вредност од 17 905 040 денари. Значи толку пари од касата на Струмица биле наменети на сметката на фирматѕа на функционерот на СДСМ.
Општина Струмица плаќа двојно поскапа цена за превоз од една Битола, но поскап превоз и од Токијо.
– Струмичани плаќаат два пати поскап превоз од една Битола. Згора на тоа фирми на функционери на СДСМ добиваат милионски бизниси. Фирмите Тритерол само од општина Струмица имаат добиено тендери од 1.150.000 евра, а тендери добивале и од втората општина каде СДСМ има градоначалник, општина Куманово, истакна Пишев.
Освен превоз на ученици, „Тритерол“ има и сопствени цистерни за превоз на нафтени деривати и останати производи, а според цената на превозот за ученици во општина Струмица, а ја наплаќа „Тритерол“ секоја трета цистерна завршува во џебот на Зоран Заев.
На овој начин, Заев директно од џебот на струмичани краде пари за да го финансира луксузирањето на неговиот клан од Струмица.
Финансиската полиција минатата недела влезе во општина Струмица но и во компанијата „Тритерол“ која го спроведувала криминалниот превоз