Секојдневни активности кои во минатото можеле да ве чинат живот!

Животот е полн со чудни работи. Луѓето често се жалат, без да се замислат дека има толку многу работи за кои всушност треба да се благодарни. Потврда се некои активности кои денес ги прифаќаме за сосема обични, но во минатото можеа некого да го чинат живот, пишува Listverse.Видете шест работи кои во минатото предизвикувале немири и страв кај луѓето.
1. Барање на работа. Во 1500 година во Англија било нелегално да си невработен. Освен што владата ги третирала луѓето без работа како втора класа, ги казнувала и сурово за извршени злосторства. Најмногу парадоксално било дека ако невработен државјанин сакал да побара работа, многу често се случувало тој да биде тепан и понижуван од идни работодавачи и испраќан да си оди дома.
2. Проблематична кожа. Денес некои кожни проблеми може да ви се чинат како вистински кошмар, но со малку медицинска интервенција и креми, секој од нив може да биде надминат. Во минатото сепак работите не стоеле така. За луѓето во средниот век една голем бубулица можела да значи крај на нивните животи. Поради раширениот страв од лепра, многу од луѓето биле обвинувани дека се болни од страшната болест, без тоа да е точно. Требале да носат специјална облека, како и да ѕвонат со ѕвонче за да ги предупредуваат луѓето од околината за нивната состојба. Најгрозно е дека во XIV век во Франција многу пациенти со тешки кожни проблеми се изгорени на клада, бесправно набедени дека се лепрозни.
3. Одење во театар. Денес многу луѓе одат на театар, но во минатото тоа одење можеше да доведе до смрт. Околу 1800 година театарските сцени биле познати како едни од најопасните места во Англија. Пренатрупани и со оштетени пожарникарски аларми, тие биле вистинска огнена стапица. Статистиките покажуваат дека само за две децении, при инциденти за време на театарски претстави во Англија загинале околу 80 лица. Ситуацијата во САД не била поинаква. Во 1903 година во еден од најголемите театри во Чикаго избувна пожар во кој загинаа 600 лица.
4. Гласање. Денес најстрашниот нешто со кое може да се судрите за време на гласање, се долгите и досадни редици. Ситуацијата била доста различна во XIX век, кога само најхрабрите си дозволиле да излезат на улица во изборниот ден. Сите останати луѓе биле забарикадирани во своите домови за да не бидат „фатени“ поради своите политички ставови. „Апсењето“ не се вршело од полицијата, туку од улични банди најмени од политичките кандидати кои киднапирале и мачеле луѓе.
5. Купување на зачини. Ако сакате да готвите вкусна храна и ви се потребни конкретни зачини за подготовката, сѐ што треба да направите денес е да отидете до продавница и по 15 минути проблемот е решен. Во минатото, сепак, наоѓање на зачини чинело многу повеќе напор. Во средниот век тие биле користени како лекови, а понекогаш дури и како валута, која постојано ја зголемувала вредноста.& Индиското оревче, пример, можеше да биде пронајдено само на островот наречен „Островот на зачините“, на кој во текот на неколку века се воделе вистински војни за поседување на оваа вредна суровина. Во тоа време над 6.000 лица ги загубија своите животи во обид да дојдат до него.
6. Одење во болница. Единствено што можеа да гарантираат американските болници во 1800 година, беше влошување на состојбата на пациентите. Ниската хигиена, вируси и зарази, разбеснетите пациенто во болничките простории и ужасната храна биле незаменлив дел од атмосферата во медицинските институции. Занемареност и некомпетентноста на медицинскиот персонал биле вториот фактор кој најчесто водел до фатален исход кај пациентите. Голем дел од медицинските работници не минувале никаква обука поврзана со професијата, а биле само пациенти кои после исцелувањето немало каде да одат и останувале да помагаат.Видете шест работи кои во минатото предизвикувале немири и страв кај луѓето.
1. Барање на работа. Во 1500 година во Англиј

Пронајдете не на следниве мрежи: