Избегнувањето на физички активности и прекумерната тежина се веќе познати непријатели на срцето, но дали сте знаеле дека и нехигиената на забите му штети на срцето?Проблеми со забите
Кога последен пат ги поминавте вашите заби со конец? Денталното здравје има огромно влијание на здравјето на срцето.
Со неправилната хигиена во усната шуплина ги зголемувате хроничните воспалувања на непцата, па во телото доаѓа до ширење на бактерии низ крвотокот и до срцето.
Нередовен сон
Мислите дека нема доволно часови во денот и позајмувате по неколку од ноќта, можеби подготвувате важна презентација за работа, се забавувате во диско или учите за испит.
Сонот ви е неопходен за да го намалите крвниот притисок и да го нормализирате чукањето на срцето. Лошите навики со спиењето го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.
Не се сончавте годинава?
Една студија со 750 жени покажала дека оние кои одат еднаш на одмор на секои 6 месеци имаат за 50-80 проценти помала шанса за срцев удар. Жените кои не одат ниту еднаш годишно на одмор се чувствуваат подепресивни, уморни, напнати и понезадоволни од своите животи и бракови.
Затоа појдете барем една седмица на сонце и плажа годишно и секое убаво време користете го за прошетка во природа. Ќе ви го зголеми витаминот Д и ќе го намали стресот. Секогаш користете крема со заштитен фактор.
Не пешачите
Купувате брза храна со подавање на раката од автомобилот, а со него одите и кај пријателката на кафе, која живее на 15 минути пешачење од вас. Тешко дека на овој начин ќе ги постигнете препорачаните 10.000 чекори на ден.
Срцето нека ви пумпа, размрдајте ги мускулите!
Скокате оброци
Прескокнувањето оброци ви изгледа како лесен начин да го намалите дневното внесување на калории. Но на тој начин вие се чувствувате гладни и внесувате грицки и чипс, богати со маснотии.
Грицкајте јаткасти плодови и јадете помалку, но повеќе пати на ден.Проблеми со забите
Кога последен пат ги поминавте вашите заби со конец? Денталното здравје има огромно влијание на здравје