СЕКОЈДНЕВНО ги кажуваме: МАЛИ зборови кои имаат ОГРОМНО значење!

Зборовите имаат поголема тежина одошто сме ние свесни. Тие влијаат на нашите мисли, чувства, дела и на општата состојба на умот. Дури и малите зборови имаат големо значење.Зборовите можат да направат голема разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излекуваат“, да не инспирираат или да не обесхрабрат, да ни унапредат или да не уназадат.
Ова се мали зборови со големо значење кои секојдневно треба да ги користиме:
Те сакам
Со оваа изјава, ниедна друга не може да се рамни. Овие зборови се чист израз на најприродниот подарок кој човекот може да го даде љубовта. Единствената работа која може да ги победи овие зборови е самиот акт на покажување љубов. 
Извини
Кога срцето е болно, искреното извинување веќе ја поставува основата за простување и лечење. Со зборовите: „жал ми е“, „ќе ми простиш ли“„, ти се извинувам“, покажуваме дека сме свесни за направената штета и дека имаме желба да ја намалиме болката.
Ти благодарам
Секој сака да биде ценет, па два збора кои ќе покажат благодарност, можат да направат нечие срце да запее од среќа. „Ти благодарам“, „те ценам“, „благодарен/а сум ти“… се вистинска храна за душата.
Ти простувам
Сите знаеме да „зафркнеме“ понекогаш. За жал, може да ги повредиме пријателите, колегите, семејството не сакајќи. Помогнете му на оној што згрешил да се ослободи од чувството на вина. Ова ќе го залечи неговото срце, но и вашето.
Ми недостигаш
Не можеме да бидеме присутни 24 часа на ден за луѓето кои ги сакаме. Но, сепак, многу значи доколку знаеме дека некому му недостигаме кога не сме таму. Ова всушност е начин на кратко да се каже „сакам да бидам во твое присуство и едвај чекам да се видиме и да поминеме некое време заедно“.

 

Згрешив
Со еден збор можете да добиете прошка, во духот на несебичното, храбро признание за направената грешка. Кога сме повредени, знаеме дека минатото не може да се промени, но ако некој знае дека ни нанел болка и свесно го признае тоа, постојат големи шанси за подобрување на иднината.
Прекрасен/а си
Понекогаш се чувствуваме грди, однадвор или однатре. Но, во вакви ситуации, убаво е ако некој сè уште мисли дека сме убави.
Во ред е
Кога сме загрижени, повредени, нервозни или исплашени, овие зборови не уверуваат дека нема потреба да се чувствуваме така. Ова навистина може да смирува. Веројатно можете да се сетите на ситуации во кои рамето на вашиот пријател или пријателка било фина потпора за вашите проблеми, додека истовремено сте слушале утешителни зборови дека се ќе биде во ред. Знаете колку е добро ова чувство.
Те разбирам
Во човековата природа е да сочувствуваме со другите, па затоа многу е фрустрирачки кога некој не не разбира или уште полошо, погрешно ни ги толкува зборовите. Во моменти кога се чувствуваме осамено, осудено или изолирано, многу значи разбирањето од страна на некој наш пријател. Не мора другите да се сложуваат со нас, едноставно имаме потреба да чуеме дека не разбираат.
Можеш да се чувствуваш сигурно
Кога сме осетливи и исплашени, зборовите имаат моќ да ни го вратат чувството на сигурност и заштита што ни е потребно. Стравот може да го „заболи“ умот, но зборовите кои укажуваат на сигурност, делуваат како антибиотик.
 
Ти се восхитувам
Убаво е да знаете дека некој се огледува во вас, има високо мислење за вас или се стреми да ги следи вашите стапки. Зборовите кои искажуваат воодушевување не мотивираат, ни даваат сила и не потсетуваат дека на овој свет, сепак, правиме некакво влијание.Мали зборови со големо значење
Тука сум за тебе
Ако некогаш ви требало утеха од пријател, знаете колку значат овие зборови. Не потсетуваат дека не сме сами, дека има некој што може да ни помогне додека сме повредени, изгубени и се бориме со животот. Дури и најцврстите луѓе кои делуваат како да им е животот постојано под контрола, имаат потреба од луѓе на кои понекогаш би можеле да се потпрат.

 

Те поддржувам
Кога треба да донесеме некоја тешка одлука, која може да е добра или лоша, многу ни значи да чуеме од некој дека е на наша страна и не поддржува во секој случај. Зборовите како: „тука сум за тебе“ не охрабруваат да се движиме напред со помалку страв дека ќе бидеме осудувани.
Можеш да го направиш тоа
Во моментот кога се размислувате да се откажете или за нешто се двоумите, неколку охрабрувачки зборови можат да направат огромна разлика. Има некаков силен ефект во тоа кога знаеме дека некој друг има верба во нас и на тој начин тоа ја оживува вербата која ние треба да ја имаме во себе.
Ти си вистинскиот/ката
Овие зборови имаат едноставно значење. Значат: „те избирам тебе“, „ти си тој/таа“, „ти си посебен/а“. Со малку зборови можете некому да му кажете колку е тој/таа посебен/посебна.
Ова е само за тебе
Повеќето денови во животот ги посветуваме на повеќе луѓе. Од друга страна, има и денови како нашите родендени, годишнини и свадби кои се нашите посебни денови. Добро е ако имате пријатели кои ќе ви дозволат и покажат дека посебните денови се 100% само за вас.
 Одлична работа
 Некои признаваат, други не, но на сите им значи да чујат признание за својот вложен труд. Пофалните зборови и признанието за добро завршената работа не инспирираат да правиме повеќе, да се трудиме повеќе и да се чувствуваме горди.
Ти си ми важен/а
Сите сакаме да се чувствуваме дека сме му важни на некој. Да слушнете дека некој ве цени и сте му многу важни, особено кога се чувствувате бескорисно и неважно, е специјално чувство.
Секогаш кажете го она што го мислите.Зборовите можат да направат голема разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излекуваат“, да не инспирираат или да не обесхрабра

Пронајдете не на следниве мрежи: