Секојдневно питачи на улица, а живее во стан од 350.000 евра

Питачот Сајмон Рајт (37) секој ден седел пред банката „NatWest“ во искината облека со своето куче и со натпис на кој пишува дека моли за помош.
Дневно минувачите му давале вкупно од 200 до 300 фунти, а после „работата“ одел во својот стан во Фулам, во источен Лондон, кој чини 300.000 фунти.
Полициајта известува  дека често одел до локалната обложувалница, каде вложувал поголем дел од добиените пари, а често износот му се зголемувал дури двојно повеќе.
– Користел знак на кој пишува дека е бездомник, а всушност има стан. Тоа е измама. Така ги поминувал деновите веќе три години, а улицата Патни е добра локација за питачење затоа што таму се наоѓаат канцелариите на многу фирми и добри бутици, велат од полицијата.
Еден од луѓето кој работат во близината, а кој често на питачот му давал по пет или десет фунти, многу е огорчен поради измамата.
– Не можам да верувам дека питачел и го користел сожалувањето на луѓето кои живеат во станови помали од неговиот, рече Крис Фавершам.
– Намерно барал луѓе кои биле на банкомат и беше многу агресивен и незгоден кон оние кои не сакаа да му дадат пари, рече локалниот одборник.
Рајт е уапсен поради ситни прекршоци и одредена му е забрана за питачење по улиците, но и доаѓање во квартот чии жители ги „крадел“ повеќе од три години на улицата пред банката NatWest.Питачот Сајмон Рајт (37) секој ден седел пред банката „NatWest“ во искината облека со своето куче и со нат

Пронајдете не на следниве мрежи: