Љубица Јанчева, сопруга на генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев викендов одржа партиска прес конференција во која што ги презентираше ставовите на нејзината партија дека на Аеродром му требале промени, но само на слободни фер и демократски избори.Ваквите ставови јавноста ги комкентира како апсурдни , бидејќи токму нејзиниот сопруг е одговорен за фер и демократски избори, а Добре Јанчев како генерален секретар беше обвинет дека ја кочи проверката на податоците кои му биле дадени и не ни отпочнал да ја врши задачата кој од членовите на ДИК му била наложена уште на 19-ти март годинава.
Според информациите што беа објавени деновиве, Јанчев требало да провери над 5000 записи. Оваа операција што може да се заврши за ден или два , генералниот секретар на ДИК ја немаше почнато до викендов.
–„Митингаш и класичен партиски војник“, се двете најчести квалификации кои ни ги дадоа голем број на членови и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како опис на новоизбраниот генералниот секретар на Државната изборна комисија Добре Јанчев, пишуваа медиумите.
Во однос на професионалната кариера или какви било посериозни достигнувања Јанчев е прилично непознат. Дури и во партиската структура на СДСМ, новоизбраниот генерален секретар е во сенка на неговата сопруга која е координатор на советничката група во општина Аеродром.
Истата фигурира и како координатор на Форумот на жени на СДСМ за првата изборна единица.
Во своите јавни настапи сопругата на новиот генерален секретар на ДИК не пропушта прилика со жестоки навреди да го дискредитира ВМРО ДПМНЕ.
– Не постои сила, закана или уцена да не натера да размислуваме како ВМРО-ДПМНЕ, само заради тоа што во моментов се на власт, истакна Љубица Јанчева во своето обраќање на партиска говорница на СДСМ.
Досега нејзиниот сопруг, секаде ја придружуваше на митинзите на СДСМ. Двајцата беа и меѓу камперите кои пред Владата ги исполнуваа инструкциите на Зоран Заев.
Новиот генерален секретар на ДИК е член на Фејсбук групата „СДСМ тргнува во конечна победа“, а со сопругата се меѓу позабележаните на фотографиите од протестите на таканаречените „Граѓани за Македонија“.
Негови пријатели на Фејсбук се и Фросина Ременски и другите функционери на СДСМ.
Законот вели „Генералниот секретар ја врши својата работа професионално“.
Според сите сознанија до кои што дојдовме, професионализмот на новиот генерален секретар е во голема мера запоставен за сметка на партискиот активизам.Ваквите ставови јавноста ги комкентира како апсурдни , бидејќи токму нејзиниот сопруг е одговорен за фер и демократски избори, а Добре Јанчев како